Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје во рамки на проектот “We grow with the flow – Youth for rivers” финансиран од Agence Française de Développement – AFD, има потреба од туристички услуги од компании.
Цел и задачи
Ангажираната компанија ќе биде одговорна за организирање на следниве работи:
- Обезбедување сместување за 40 учесници со 6 ноќевања, првиот ден при пристигнувањето само со вечера, од вториот до шестиот ден со полн пансион и седмиот ден при заминување, само со доручек;
- Учесниците можат да бидат сместени и во повеќекреветни соби.
- Обезбедување на просторија за работа на учесниците, за 4 денови, опремена со проектор и флипчарт.
- Обезбедување на две кафе паузи во денот, за четирите денови додека се работи.
- Сите учесници треба да бидат сместени во ист хотел, кој се наоѓа во рамките на Националниот Парк Маврово;
- Организација на превоз за еднодневна екскурзија до селото Тресонче и Тресонечка Река;
- Сместувањето ќе биде потребно во втората половина на септември 2025 година.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување понуди е од денот на објавување на отворениот повик до 13.06.2025 година 16:00 часот.
По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Потребна документација за пријавување
Заинтересираните компании треба да достават:
- Понуда за туристички услуги со вклучен ДДВ
- Потпишана изјава (види Анекс 2)
- Кратко портфолио на компанијата
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Напомена!
Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација:
Tековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјава дека ги исполнува критериумите за учество; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.
На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Пријавување и контакт информации
Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 13.06.2025 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда. Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 11.06.2024 година.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
Евалуација на кандидатите
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Портфолио на компанијата – 30 бодови
Финансиска понда – 70 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 30.06.2025.
Прашање: Ve molam za informacija za tocni datumi na nastanot.
Одговор: Точните датуми за одржување на настаност се уште не се дефинирани. Но, можете да дадете понуди со резеравации од 10ти септември па се до 28ми септември.