Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје има потреба од адвокатски услуги од компании/индивидуални лица.
Цел и задачи
Ангажираната компанија/индивидуално лице ќе биде одговорно за адвокатските услуги и ќе има за цел да пружи правна помош за следните правни дејства:
– Состав на сите видови договори за кои ќе се јави потреба во секојдневното работење на корисникот на адвокатските услуги;
– Изготвување на интерни акти, правилници, одлуки и други потребни акти од делокругот на работа на корисникот на адвокатските услуги;
– Состав и поднесување на тужби до надлежните судови, во име и за сметка на корисникот;
– Застапување на корисникот на адвокатските услуги во текот на целата постапка за конкрентиот предмет кој ќе се води пред надлежниот суд;
– Состав и поднесување на сите видови поднесоци и писмена кои се потребни за правилно и законито водење на постапките;
– Давање правни совети, мислења и толкувања, врз основа на усни запознавања и проучување на писмен материјал во доменот на работата на корисникот;
– Состав на редовни и вонредни правни лекови;
– Застапување на интересите на нарачателот на услугата пред надлежните нотари, судови, извршители, финансиски институции и други органи кои вршат јавни овластувања, и вршење на други правни дејствија поврзани со тековното работење на нарачателот на услугата, наплата на неговите побарувања, остварување права во соодветни постапки или друг вид на правни работи.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување понуди е 7 календарски дена од објавување на отворениот повик односно до 01.02.2024 година.
По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Потребна документација за пријавување
Заинтересираните компании треба да достават:
- Понуда за адвокатски услуги со вклучен ДДВ
- Потпишана изјава (види Анекс 1)
- Кратко портфолио на компанијата
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
Заинтересираните индивидуални лица треба да достават:
- Понуда за адвокатски услуги со вклучен ДДВ
- Портфолио/Биографија
- Лиценца за работа
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години најмалку 5 години работно искуство за индивидуални лица.
На повикот може да се пријават правни и физички лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Пријавување и контакт информации
Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 01.02.2024 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда. Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 01.02.2024 година.
Анекс 1. Изјава од понудувач
ИЗЈАВА
Јас, долупотпишаниот ____________________________ (име и презиме) во дункција на овластен застапник на ____________________________(име на компанија) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно
- Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања илине се во каква било аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи;
- Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
- Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето;
- Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка;
- Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот;
- Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.
На ден __________година Име и презиме на застапникот
Потпис и печат
Најнови коментари