Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки
на проектот „БИТОЛА БЕЗ ЈАГЛЕН“ има потреба од продукција и реализација на
театарска претстава, која реално ќе ги претстави еколошките проблеми од работата на
термоцентралите на фосилни горива и ќе иницира локална и национална дебата за
иднината на регионот без употреба на јагленот.
Цел на активноста
Ангажираната страна ќе биде одговорна за развивање, продуцирање и изведба на
театарска претстава која ќе допринесе за зголемување на свесноста за штетните
последици по животот на луѓето, како и животната средина од работењето на
термоцентралите на фосилни горива.
Театарската претстава се предвидува да се изведе на најмалку 3 (три) локации на
територијата на државата и тоа во општините: Битола, Новаци и Могила.
Театарската претстава треба да биде копродукција помеѓу Еко-свест и ангажираната
страна.
Еко-свест нема да разгледува понуди и предлози во кои театарската претстава на тема
поврзана со подигнување на јавната свест за намалување на користењето на енергија
од фосилни горива и промоција на алтернативни извори на енергија не е основа на
понудата.
Работни задачи и одговорности на понудувачот
- Предлог на соодветен текст и сценарио за една театарска претстава на
македонски јазик со соодветна тематика на наведената проблематика. - Успешно режирање/продукција на театарска претстава, со соодветна тема на
наведената проблематика. - Осмислување соодветен наслов за театарската претстава.
- Обезбедување учество на сите потребни учесници и реализирање кастинг за
избор на актери. - Обезбедување соодветна костимографија, сценографија, како и соодветен звук
и осветлување кои ќе одговараат на синопсисот на претставата. - Организирање состаноци најмалку 1 (еднаш) месечно со претставници од Еко-
свест, со цел известување за постигнатиот напредок. - Обезбедување дизајн на плакат и брошура, како и нивна продукција и
дистрибуција. - Осмислување и реализација на промоција на театарската претстава преку
користење на традиционални медиуми и дигитални медиуми. - Обезбедување јавно изведување на претставата пред локалната заедница на
(најмалку) 3 (три) општини: Битола, Новаци и Могила, со минимална посетеност
од 300 посетители. - Обезбедување соодветна документација на сите чекори во продукцијата на
театарската претстава и предложување соодветен модел за споделување на
правата за понатамошна дистрибуција и изведба на театарската претстава по
некомерцијални и комерцијални услови по завршување на проектот.
Детален преглед со опис на работната задача се наоѓа во Анекс 1 од Повикот.
Временска рамка за доставување на понуда
Краен рок за пријавување е среда, 20 декември 2023 година, до 12:00 часот на
електронската адреса: [email protected] , со назнака: Пријава за Театарска
Претстава. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна
документација, нема да бидат разгледувани.
Еко-свест ќе ги контактира сите понудувачи, не подоцна од 7 работни дена од истекот
на периодот за доставување на понуда, за да ги извести за резултатот од постапката.
Сите понудувачи кои не биле избрани на повикот имаат можност во рок од 5
календарски дена да поднесат Приговори по однос на постапката.
Критериуми за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши
бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
- Техничка понуда (70 поени)
- Финансиска понуда (30 поени)
Потребна документација за пријавување
Технички дел на понудата
- Кратко сиже на сценариото на театарската претстава и предлог промотивен
пакет. - Потпишани изјави или пред-договори со сите наведени учесници со кои се
потврдува нивното учество. - Изјава, согласност или пред-договори за регулирање на авторските права.
- Доказ за реализација/учество во најмалку 1 (една) продукција во која
учествувале професионални уметници во последните 5 (пет) години. - Референци за претходно слично искуство со соодветни интернет линкови.
- Податоци за контакт на лицето одговорно за пријавата и комуникацијата со
Еко-свест. - Меморандуми или договори за соработка кои се поврзани со понудата.
Финансиски дел на понудата:
- Финансиска понуда.
- Тековна состојба на правниот субјект кој е носител на понудата, не постара од 6
(шест) месеци. - Пополнета изјава (Анекс 2)
Доставените материјали остануваат во архива на Еко-свест.
Временска рамка за спроведување на активноста
Периодот на имплементација е помеѓу 1 јануари и 31 август 2024 година. По
склучување на договорот, избраната страна ќе има период од 8 (осум) месеци за
реализација на договорените активности, почнувајќи од месец јануари 2024 година.
Буџет
Максималниот буџет достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува
492.000 МКД со вклучен ДДВ износ.
Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно
назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде
разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување
на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.
Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна
реализација, промоција и изведба на претставата, со сите потребни трошоци за сите
учесници во театарската претстава, без дополнителни трошоци за Еко-свест.
Контакт лице
Контакт лица за проектот ќе бидат:
- Жарко Конески
Е-маил: [email protected]
Контакт телефон: +389(0)70 38 77 60 - Ивица Стојановски
Е-маил: [email protected]
Контакт телефон: +389(0)72 25 36 13
Отворете го Повикот подолу за повеќе информации.
Најнови коментари