Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори – Фаза 2 “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, објавува повик за ангажирање на експерти за изработка на студија за хидролошките и хидрогеолошките карактеристики на Вевчанските извори

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Целта на активноста е да се добијат научно засновани податоци за хидролошките и хидрогеолошките карактеристики на Вевчански извори и Вевчанска река, со цел нивна заштита, одржливо управување и планирање на идни активности.

ЗАДАЧИ

  • ГИС мапирање и просторна анализа на сливот
    Дигитална идентификација на хидрографската мрежа и дефинирање на границите на сливот на Вевчански Извори и Вевчанска Река. Ова вклучува изработка на детални ГИС модели за елевација, наклон и земјишна покривка за разбирање на физичко-географскиот контекст.
  • Детална хидролошка анализа и пресметка на протоци
    Утврдување на карактеристичните протекувања преку регионални споредби и просторна распределба. Анализата опфаќа следење на режимот на течење и влијанието на климатските параметри (врнежи и температури) врз водниот биланс.
  • Истражување на хидрогеолошкиот систем и карстната динамика
    Анализа на функционирањето на подземните води во карстниот систем преку следење на нивото на воден столб, спроводливоста и температурата, со цел да се разбере комплексното движење на водата до Вевчанските Извори.
  • Определување на еколошки проток според специфична методологија
    Пресметка на минималниот потребен воден проток неопходен за опстанок на екосистемот во изворите и реката, следејќи ја пропишаната методологија на „Еко-свест“.
  • Теренски мониторинг и финализирање на Студијата
    Спроведување на најмалку 4 теренски мерења во различни хидролошки услови и синтеза на сите податоци во завршен документ (Студија) со конкретни заклучоци и насоки за идно управување со заштитеното подрачје.

Подетално можете да погледнете во Опис на работната задача (Анекс-1)

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Крајниот рок за реализација на оваа услуга е 31.03.2027 година

Вкупната вредност на договорот не смее да надмине вредност од  5000 евра во денарска противвредност, со вклучен персонален данок, доколку понудувачот е индивидуално лице. 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Кратка биографија (CV).
  • Портфолио од претходно изработени истражувања и проекти
  • Финансиска понуда.
  • Пополнета Потврда за посветеност и Декларација за судир на интереси за индивидуални и физички лица (Анекс-2) 

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Кратка биографија и портфолио – 60 бодови
  • Финансиска понда – 40 бодови

Вкупно 100 бодови

Еко – свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 27.02.2026.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Понуди треба да бидат доставени најдоцна до 17.02.2026 година, до 16:00 часот, на е-маил [email protected] со назнака Апликација за студија за хидролошки и хидрогеолошки карактеристики на Вевчански Извори и Вевчанска Река

Повеќе информации можете да добиете на телефон +38978449209 или на е-маил [email protected] најдоцна до 13.02.2026 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.

*Напомена

Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на физички лица; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице); потврда за казнена евиденција за физички лица; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

ДОВЕРЛИВОСТ

Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Share This

Share this post with your friends!