Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје има потреба од ангажирање на компанија коja би изработила и спровела :
- Медиумска кампања за спречување на негативните влијанијата од изградбата на малите хидроелектрани.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е информирање и едукација на граѓаните во земјата за прашања поврзани со изградбата на мали хидроелектрани како и институциите на власта за можностите да се ублажи и избегне штетата врз животната средина. Кампањата треба да придонесе кон зголемување на свесноста на граѓаните и претставниците на надлежните институции и да предизвика акција во насока на ублажување и превенција на штетите врз природата и водните ресурси во нашата држава.
ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА
- Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест.
- Да изработи маркетинг план (за дигитални и традиционални медиуми) и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот.
- Да го презентира маркетинг планот и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот.
- Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 4 месеци.
- Да изработи детален извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Компанијата ќе има период на реализација на активноста од 4 месеци од денот на склучениот договор.
Времето на спроведување на кампањата е 4 (четири) месеци.
Вредноста на договорот не може да надмине 18000 евра во денарска противредност (со вклучен ДДВ).
ПОСТАПКА НА АПЛИЦИРАЊЕ
Во постапката се планирани два круга.
Круг 1.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:
1. Краток опис на компанијата
2. Портфолио со сработени медиумски кампањи
3. Биографија на три лица/ членови на тимот со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кои би биле ангжирано на активноста
4. Тековна состојба не постара од 6 месеци
5. Финансиска понуда
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Во првиот круг Комисијата за избор на најдобар понудувач ќе избере најмногу 4 компании кои ќе преминат во вториот круг.
Круг 2.
Во вториот круг, избраните компании ќе бидат поканети на информативна сесија на која во детали ќе им бидат образложени целите на кампањата, целните групи како и саканите резултати. Компаниите ќе имаат 7 дена да достават предлог концепт и активности како и визуелен идентитет за кампањата до Нарачателот (на македонски јазик во електронска форма).
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Комисијата за избор ќе ги извести избраните компании од првиот круг за денот и времето на одржувањето на информативната сесија. Комисијата ќе ги извести избраните компании од првиот круг за исходот на вториот круг, односно за компанијата која била избрана на повикот.
Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Во првиот круг:
– Претходно искуство на компанијата 50 бодови
– Биографии на персоналот 50 бодиви
Вкупно 100 бодови.
Во вториот круг:
- Предлог концепт- иновативност на пристапот- 40 бодови
- Предлог концепт- вредност за понудената цена 30 бодови
- Предлог концепт- идејно решение- 30 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во вториот круг.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда (предвидена за аплицирање во првиот круг) апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 13.09. 2021 г., со назнака Апликација за кампања.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]
Најнови коментари