ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ За изработка на анализа на влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија и проектот „Проверка на одржливотста на малите хидроелектрани во Македонија“ финансиски поддржан од Финдацијата Патагониа има потреба за ангажирање на експерт коj би спровел:
- Анализа и изготвување на извештај за влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста e спроведување анализа и добивање резултати кои ќе послужат за информирање на релевантните институции, Инспекторатот како и сите засегнати страни за влијанието на малите хидроенергетски објекти врз реките и пределите. Како понатамошна цел е промени на постоечката регулатива, но и носење нови законски регулативи и построги стандарди за хидроенергетските проекти.
Истражувањето ќе биде направено на сите локации каде се изградени мали хидроенергетски проекти (каде истражувањето е возможно од технички аспект).
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ
Експертот треба:
- Да подготви методологија и план за работа користејќи го ГИС метода.
- Да ја спроведе анализата на сите локации на територијата на земјата каде се изградени мали идро проекти (и каде тоа е возможно од технилки аспект).
- Да ги опфати и опише влијанијата врз геоморфологијата и шумите во пределите кои се предмет на истражувањето, вклучително да даде опис на загубите (квантификација и квалификација).
- Да изработи карти за висуелен приказ на влијанијата.
- Да подготви еден сумарен извештаи преку кои ќе ги презентира главните наоди од стражувањето за секоја локација.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Експертот ќе има период на реализација на активноста од 1 (еден) месец од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине 2500,00 Евра (бруто).
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, кандидатите може да се пријават сами или во тим и треба да достават:
- Биографија/ии (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
- Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)
- Предложена методологија за изработка на истражувањето и извештајот.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Завршено високо образование (или повисоко) од област со релевантност на проблематиката на овој повик.
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа
- Најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 30 бодови
- Предложена цена за ангажманот 40 бодови (пониските износи добиваат повисок број на бодови)
- Предложена методологија- 30 бодови.
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 10 ноемврии 2020 г., со назнака Апликација за ангажирање на експерт
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 072726104.
Најнови коментари