ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ за анализа на интегрирани дозволи

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба за ангажирање на експерт коj би спровел:

  1. Анализа на интегирани дозволи за сречување и контрола на загадување.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е добивање на резултати од анализа на интегрирани дозоли на одредени индустриски капацитети со чија помош ќе се  изготви студија на случај во која ќе се истакнат проблемите и решенијата, кои понатаму ќе дадат препораки во процесот на ревизија на IPPC дозволите. Дополнително, оваа правна поддршка ќе ни донесе аргументи за донесување на измени  насочени кон регулативите и прагови на загадување за еколошките дозволи.

ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ

Експеротот треба:

  1. Да направи анализа на 2 интегрирани еколошки дозволи на индустриски капацити.
  2. Да изготви документ со коментари за ревизија на интегрираните дозволи за спречување и контрола на загадување.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Експертот ќе има период на реализација на активноста од 6 експертски денови од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине бруто износ од 1240,00 евра во денарска противредност.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза релевантно на повикот
  2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област и завршено високо образование  по соодветната дејност (правен факултет, завршени студии по животна средина со акцент на правна рамка, технолошко металуршки факултет со акцент на правна рамка, или друго образование соодветно на повикот)
  2. Најмалку 2 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област
  3. Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана.  Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 70 бодови
  • Понудена цена за активноста 30 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоила најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, кандидатите треба да ја испратат на еmail: [email protected]  најдоцна до 24 декември 2020 г., со назнака Апликација за експерт за интегрирани дозволи

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]

Share This

Share this post with your friends!