За потребите на своите проекти во доменот на заштитата на природата, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за спроведување на анкета со репрезентативен примерок на ниво на целата држава и на регионално ниво со опфат на планината Јабланица и нејзината околина.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Целта на активноста е спроведување на репрезентативна анкета на ниво на целата држава и на нивото на планината Јабланица и нејзината околина за истражување на ставовите на граѓаните за волците.
Анкетата има за цел да обезбеди податоци кои ќе послужат како основа за понатамошна анализа, препораки и активности за заштита на природата, биодиверзитетот и крупните месојади како и за зголемено граѓанско учество.
ЗАДАЧИ НА ИЗБРАНАТА КОМПАНИЈА
Подготовка и планирање
- Целосно запознавање со целта и протоколите на проектот;
- Преглед и усогласување на учесниците, методологија за анкета и регрутација на учесници;
- Разработка на интерен временски план.
Спроведување на репрезентативна анкета
- Организација и реализација на анкета врз репрезентативен примерок од населението во Македонија;
- Дополнителен фокус на регионот околу планината Јабланица;
- Консултации со тимот на Еко-свест за методологијата и формулирањето на прашалникот;
- Сегментирање по демографски и социо-економски критериуми;
- Анализа и презентација на резултатите.
Доставување необработени податоци
- Доставување на Excel документ со сите влезни податоци од анкетата.
Крајна достава
- Доставување на финален извештај од репрезентативната анкета на ниво на целата држава и регионот на Јабланица, кој ќе содржи методологија, обработени резултати и заклучоци, најдоцна до 31.01.2026 година;
- Извештајот треба да биде подготвен на македонски јазик и доставен во електронска форма.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
- Репрезентативната анкета на ниво на целата држава и регионот околу планината Јабланица треба да се реализира во периодот од декември 2025 до јануари 2026 година, со предавање на финален извештај најдоцна до 31 јануари 2026 година.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните компании треба да достават:
- Краток опис на компанијата, портфолио со претходно искуство и краток план за спроведување на активностите (не повеќе од 1 страна);
- Тековна состојба не постара од 6 месеци;
- Финансиска понуда;
- Пополнета изјава (Анекс 1)
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во С. Македонија, и постои најмалку 3 години;
- Претходно искуство во подготовка, реализација и обработка на анкети на репрезентативен примерок.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведување на слични активности – 70 бодови
- Понудена цена за активноста – 30 бодови
Вкупно: 100 бодови. Договор ќе биде склучен со компанијата која освои најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Комплетната понуда, апликатите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 16 декември 2025 година до 16:00 часот, со назнака Пријава за анкета.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Најнови коментари