За потребите на грантовиот проект „Програма за истражување на потенцијални енергетски решенија со ниско влијанија на животната средина во С. Македонија’’ кој е спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, а финансиран од “The Nature Conservancy”, го објавуваме овој отворен повик за ангажирање на компанија/ здружение или фондација за изработка на национална анкета за јавно мислење и спроведување на фокус групи за планирање со ниско влијание врз животната средина (low impact planning initiative).
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е спроведување на анкета за јавно мислење на репрезентативен примерок и спроведување на фокус групи со цел добивање релевантни податоци за познавањата на различни групи на засегнати страни на темата планирање со ниско влијание врз животната средина, а особено за прибирање на информации за најдобри потенцијални локации за искористување на обновливи извори на енергија притоа земајќи ги во предвид влијанието врз животната средина, потенцијалните технички и проблеми од социјална природа.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 20 јуни 2021 година 23:59 часот, со назнака Апликација за анкета за јавно мислење и спроведување на фокус групи. Во самата апликација наведете го бројот на фокус групи кои можете да го спроведете за сумата која ја предлагате во финансиската понуда.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 075 580 480 или е-маил [email protected]. Целиот повик на следниот линк.
Најнови коментари