Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“има потреба од ангажирање на правно лице за подготовка на дизајн, припрема и печатење на материјали со различни содржини и намени.
Цел и задачи на активностите
Избраната компанија треба да обезбеди услуги за дизајн, припреми за печатење и печатење на следните видови материјали, по барање и насоки од Нарачателот:
- Публикации А4 формат во електронска и печатена верзија
- Публикации А5 формат во електронска и печатена верзија
- Материјали на А0 формат во електронска и печатена верзија
- Инфографикони во различен формат
- Електронски содржини за постови за социјални медиуми- визуели (Instagram I Facebook)
- Промоција на социјални медиуми (boost)
- Други материјали за промоција (рол ап банери, визит картички, промотивни материјали од еко состав и сл)
- Други материјали и сулуго кои може да ги понуди добавувачот во насока на исполнување на целите на Еко-свест.
Содржините, возиелниот идентитет и другите потребни параметри за дизајн, подготовка и печатење на материјалите ќе биде обезбедена од страна на Еко-свест, заедно со сите потребни насоки за тираж, квалитет и намена на материјалите.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување на Понуда е до 11.04.2025 година.
Временска рамка за спроведување на активноста
Со избраниот понудувач ќе биде склучен рамковен договор со трајност од 2 години со можност за негово продолжување.
Потребна документација за пријавување
- Краток опис на компанијата (портфолио);
- Најмалку три референтни проекти слични на бараната услуга;
- Список на клиенти;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци;
- Биографија од најмалку едно лице со искуство во дизајнирање кое би било ангажирано за активноста;
- Финансиска понуда во која ќе биде наведена цена за секоја од наведените точки, во завосност од квалитетот и тиражот посебно, како и финална цена за целата услуга со вклучен ДДВ;
- Пополнета изјава (анекс 1).
Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 5 години.
Понудите треба да се достават по електронски пат на македонски јазик.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
*Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023/2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Пријавување
Комплетната понуда кандидатите треба да ја испратат на email: [email protected] најдоцна до 11.04.2025 година до 16:00 часот, со назнака Доставување понуда за дизајн и печатење.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.
Критериум за избор на најсоодветна понуда
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Портфолио и референтни проекти – 40 бодови
- Биографија на лицето задолжено за дизајн – 20 бодови
- Понудена цена – 40 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Прашање:
Za da izgotvime cenovna ponuda, bi sakale da ve zamolime za specifikacija za baranite materijali.
• Publikacii: broj na strani, specifikacija za hatija, kolor ili crno belo pechatenje, nachin na dorabotki, kako i tirazh za sekoja od publikaciite
• A0 poster: specifikacija za hatija, kolor ili crno belo pechatenje, kako i tirazh
Одговор:
Ве молиме да ни доставите понуди за дизајн во зависност од :
– понуда во зависност од бројот на страници (А4 или А5) со различни рангови: на пример до 100 страни, од 100 до 300 страни итн. со промена на овие интервали според тековните понуди кои ги користите. Цената може да варира во зависност од типот на дизајнот, дали дизајнот ќе вклучи текст, слика или и двете.
– понуда за дополнителен дизајн на работни листови и/или корици
– тековните понуди кои ги користите за дизајн на А0 постер
и понуди за печатење во зависност од:
– понуда за различни типови на хартија (еколошка, рециклирана итн.) за печатење на А4, А5 и А0 формат.
– понуда за различни типови на печатење: фул колор, црно бело итн. за печатење на А4, А5 и А0 формат.
– понуда во зависност од различни рангови за тираж исто според тековните понуди кои ги користите и временската рамка потребна за печатењето.