За потребите на своите проекти во доменот на енергетиката и активното граѓанство, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за спроведување на 20 експертски интервјуа и анкета во општина Новаци.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Целта на активноста е спроведување на:
1. 20 експертски интервјуа за идентификување на мислења, искуства и согледувања за тоа како родовите и социјалните прашања се земаат предвид во политиките за енергетска транзиција во земјата како дел од активностите на проектот GENERATE, и
2. репрезентативна анкета во општина Новаци за истражување на ставовите и подготвеноста на жителите за формирање и учество во енергетска заедница на ОИЕ, како дел од активностите на проектот HBS.
Целта е да се обезбедат податоци кои ќе послужат како основа за понатамошна анализа, препораки и активности за праведна енергетска транзиција и граѓанско учество.
ЗАДАЧИ НА ИЗБРАНАТА КОМПАНИЈА :
- Подготовка и планирање
• Целосно запознавање со целите и протоколите на двата проектa;
• Преглед и усогласување на учесниците, и методологија за анкета и регуртација на учесници;
• Разработка на интерен временски план. - Идентификација и регрутација на интервјуирани
• Идентификација на најмалку 20 релевантни експерти за интервјуа;
• Осигурување родова и секторска застапеност;
• Контактирање на испитаници и обезбедување согласност. - Спроведување на интервјуа, анонимизирање и обработка на податоци
• Организација и реализација на 20 полуструктурирани интервјуа (во живо, по телефон или онлајн);
• Обезбедување на аудио-снимање и етички услови;
• Доследно анонимизирање на личните податоци преку доделување кодови (пр. MKD1, претставник од….; MKD2, претставник од…);
• Изработка на транскрипти на сите 20 интервјуа (со стандардизиран почеток: име на интервјуист, датум, место, организација/институција на лицето кое ќе се интервјуира, работна позиција – пр. МКД1, претставник од ….). - Спроведување на репрезентативна анкета во општина Новаци
• Организација и реализација на анкета врз репрезентативен примерок од населението во општина Новаци;
• Консултации со тимот на Еко-свест за методологијата и формулирањето на прашалникот;
• Сегментирање по демографски и социо-економски критериуми;
• Анализа и презентација на резултатите. - Доставување необработени податоци
• Доставување на транскрипти од сите интервјуа во електронска форма;
• Доставување на ексел документ со сите влезни податоци од анкетата. - Чување на податоци за експертските интервјуа
• Зачувување на аудиоснимките и транскриптите на безбедна платформа, во согласност со барањата на проектот;
• Чување на копии од потпишаните форми за согласност и интервју-транскрипти најмалку 5 години. - Крајна достава
• Доставување на 20 целосни и ревидирани транскрипти од експертските интервјуа, најдоцна до 30 јуни 2026 година;
• Доставување на финален извештај за експертските интервјуа, кој ќе вклучи опис на процесот, профилите на учесници, идентификувани добри практики, предизвици и препораки;
• Доставување на финален извештај од репрезентативната анкета за општина Новаци, кој ќе содржи методологија, обработени резултати и заклучоци, најдоцна до 30 октомври 2025 година;
• Двата извештаи треба да бидат подготвени на македонски јазик и доставени во електронска форма.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за спроведување на активностите е следниот:
• За 20 експертски интервјуа: од август 2025 до април 2026 година, со предавање на сите 20 транскрипти и краток извештај најдоцна до 1 април 2026 година.
• За репрезентативната анкета во општина Новаци: активноста треба да се реализира во периодот од август до октомври 2025 година, со предавање на финален извештај со резултати најдоцна до 30 октомври 2025 година.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето заинтересираните компании треба да достават :
1. Краток опис на компанијата, портфолио со претходно искуство и краток план за спроведување на активностите (не повеќе од 1 страна);
2. Тековна состојба не постара од 6 месеци;
3. Финансиска понуда (Анекс 1);
4. Пополнета изјава (Анекс 3).
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
1 . Активна компанија, здружение или фон дација формирано/а согласно Законите во С. Македонија, и постои најмалку 3 години.
2. Претходно искуство во подготовка, реализација и обработка на експертски интервјуа и анкети на репрезентативен примерок.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
1. Претходно искуство во спроведување на слични активности 70 бодови
2. Понудена цена за активноста 30 бодови
Вкупно 100 бодови. Догвор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Комплетната понуда, апликатите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 25 јули 2025 година до 16:00 часот, со назнака Апликација за интервјуа и анкета – праведна енергетска транзиција.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Најнови коментари