За потребите на своите проекти во доменот на заштитата на водите, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за спроведување на анкета со репрезентативен примерок на ниво на целата држава.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Целта на активноста е спроведување на репрезентативна анкета на ниво на целата држава за истражување на ставовите на граѓаните за отстранување на непотребни речни препреки, како дел од проектот со Dam Removal Europe.
Целта е да се обезбедат податоци кои ќе послужат како основа за понатамошна анализа, препораки и активности за заштита на водите и природата, како и за зголемено граѓанско учество.
ЗАДАЧИ НА ИЗБРАНАТА КОМПАНИЈА :
- Подготовка и планирање
• Целосно запознавање со целта и протоколите на проектот;
• Преглед и усогласување на учесниците, и методологија за анкета и регуртација на учесници;
• Разработка на интерен временски план. - Спроведување на репрезентативна анкета на ниво на целата држава
• Организација и реализација на анкета врз репрезентативен примерок од населението во Македонија;
• Консултации со тимот на Еко-свест за методологијата и формулирањето на прашалникот;
• Сегментирање по демографски и социо-економски критериуми;
• Анализа и презентација на резултатите. - Доставување необработени податоци
• Доставување на ексел документ со сите влезни податоци од анкетата. - Крајна достава
• Доставување на финален извештај од репрезентативната анкета на ниво на целата држава, кој ќе содржи методологија, обработени резултати и заклучоци, најдоцна до 24 октомври 2025 година;
• Извештајот треба да биде подготвен на македонски јазик и доставен во електронска форма.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за спроведување на активностите е следниот:
• Репрезентативната анкета на ниво на целата држава треба да се реализира во периодот од септември до октомври 2025 година, со предавање на финален извештај со резултати најдоцна до 24 октомври 2025 година.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
При пријавувањето, заинтересираните компании треба да достават :
1. Краток опис на компанијата, портфолио со претходно искуство и краток план за спроведување на активностите (не повеќе од 1 страна);
2. Тековна состојба не постара од 6 месеци;
3. Финансиска понуда (Анекс 1);
4. Пополнета изјава (Анекс 3).
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Компанијата која се пријавува мора да ги исполнува следниве критериуми:
1 . Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во С. Македонија, и постои најмалку 3 години.
2. Претходно искуство во подготовка, реализација и обработка на анкети на репрезентативен примерок.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
1. Претходно искуство во спроведување на слични активности 70 бодови
2. Понудена цена за активноста 30 бодови
Вкупно 100 бодови. Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Комплетната понуда, апликатите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 17 септември 2025 година до 16:00 часот, со назнака Пријава за анкета.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Најнови коментари