ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА за спроведување кампања

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба од ангажирање на компанија коja би изработила и спровела :

  1. Медиумска кампања во насока на подигнување на свесноста на граѓаните за аерозагадување.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е информирање и едукација на граѓаните во земјата за прашања поврзани со аерозагадување. Кампањата треба да придонесе кон зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начини за подобрување и влијание на нивните секојдневни практики врз состојбата со амбиенталниот воздух.

ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА

  1. Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест.
  2. Да изработи дигитален маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот.
  3. Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот.
  4. Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 40 денови.
  5. Да изработи краток извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Компанијата ќе има период на реализација на активноста од 40 денови од датумот на одобрување на презентираниот дигитален маргетинг план и визуелен индентитет односно 47 денови од потпишување на договорот.
Времето на изработка на дигиталниот маркетинг план е 7 (седум) дена од потпишување на договорот.
Времето на спроведување на кампањата е 40 (четриесет) денови по одобрување на дигиталниот маркетинг план.
Вредноста на договорот не може да надмине 1000 евра во денарска противредност (без ДДВ).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата.
  2. Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми.
  3. Биографија од најмалку едно лице со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кое би било ангжирано на активноста
  4. Предлог концепт за медиумска кампања
  5. Тековна состојба не постара од 6 месеци
  6. Финансиска понуда.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  1. Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство на компанијата 30 бодови.
  • Предлог концепт за медиумска кампања 50 бодови.
  • Понудена цена 20 бодови.
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 10.11. 2020 г., со назнака Апликација за кампања за аерозагадување
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]

Share This

Share this post with your friends!