Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), има потреба од ангажирање на обучувач за Result Based Monitoring (RBM).

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е спроведување на обука за Result Based Monitoring (RBM) за 20 лица и развој на практични алатки за мониторирање и евалуација на проектните резултати.

ЗАДАЧИ

Обучувачот треба:

  1. Да подготви методологија и вежби за спроведување на 3 дневна обука во согласност со препораките и мерките за COVID-19
  2. Да достави план за спроведување на обуката
  3. Да спроведе обука за 20 лица во времетраење од 3 дена (по 8 часа дневно)
  4. Да овозможи поддршка и да даде насоки на проектниот тим за да ја развие рамката за мониторинг и евалуација на проектот и неговите резултати,
  5. Да спроведе прашалник за евалуација на обуката и да подготви извештај за спроведената обука.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине 2100 евра во денарска противредност во бруто износ (со вклучен персонален данок).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза и претходно спроведени обуки во истиот/сличен домен,
  2. Методологија на спроведување на обуката со предлог модули како и предлог методологија за изработка на рамката за мониторинг и евалуација на проектот како главен резултат од обуката.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област
  2. Најмалку 3 (три) претходно спроведени обуки за RBM
  3. Одлични комуникациски/презентациски вештини
  4. Искуство со работа со проектни тимови и групна работа
  5. Основни познавања на еколошкиот сектор и неговото делување во област на климатските промени.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести сите кандидати за изборот. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности, профил на кандидатот и познавања- 50 бодови
  • Понудена методологија – 50 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 13 октомври 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за обучувач за RBM“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Целосниот повик на следниот линк.

Share This

Share this post with your friends!