ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ за спроведување на тим билдинг за Еко-свест

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба за ангажирање на обучувач коj би спровел:

  1. Тим билдинг тренинг за вработените и извршниот одбор на Еко-свест.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е придонесување кон зајакнување и хармонизација на односите на вработените, помош при организиање и изнаоѓање начин за интегрирано остварување на поставените задачи и цели. Со помош на овој тренинг би се постигнало зголемување на мотивацијата и продуктивноста како и преку правилна комуникацијата на вработените да се изградат вештини за решавање на проблемите на работното место.
ЗАДАЧИ НА ОБУЧУВАЧОТ

ОБУЧУВАЧОТ треба:

  1. Да предложи методи и вежби кој би се спроведувале на тим билдинг сесиите.
  2. Предложените методи и вежби треба да бидат во согласност со препораките и мерките на Владата во врска со коронавирусот Covid-19.
  3. Да предложи локација за одвивање на тим билдинг сесиите
  4. Да достави план за одвивање на тим билдинг сесиите, и
  5. Да спроведе тим билдинг сесии за вработените на Еко-свест.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Обучувачот ќе има период на реализација на активноста од 20 (дваесет) денови од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине 1200 евра во денарска противредност во бруто износ (со вклучен персонален данок).
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биограгфија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
  2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област,
  2. Најмалку 3 (три) претходно спроведени тренинзи/тим билдинг за градење на капацитети и/или надминување проблеми во комуникацијата за организации/ компании
  3. Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и профил на кандидатот- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 9.11. 2020 г., со назнака Апликација за обучувач за тим билдинг.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]

Share This

Share this post with your friends!