за анализа за функционалноста на Фондот за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија: состојба, предизвици и препораки

Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животната средина„Еко-свест“ во рамки на проектот Да се елиминира јагленот како гориво од енергетскиот сектор во Северна Македонија’’ има потреба да ангажира соработник за анализа на поставеност на Фондот за енергетска ефикасност во Македонија: состојба, предизвици и препораки.

Цел на активноста

Цел на активноста е изработка на анализа, документ, преку преглед на постојната и претходна функционалност, општите политики и регулаторните добри практики за финансирање на енергетска ефикасност, со посебен фокус на релевантни примери кои можат да информираат развој на механизми за финансирање на енергетска ефикасност во Македонија. Документот ќе вклучува збирен преглед на релевантни извори, сумирање на клучни сознанија, препораки и научени лекции со цел да овозможи основа за унапредување на националните политики и практики во оваа област.

Активностите кои ќе бидат предмет на договорот треба да бидат заедничка реализација од страна на Еко-свест и ангажираната страна. Еко-свест нема да разгледува понуди и предлози во кои активностите не се фокусирани на развој на анализа на поставеност на Фондот за енергетска ефикасност во Република Северна Македонија: состојба, предизвици и препораки. Понудите треба да бидат насочени кон идентификување насистемските слабости, институционалните и регулаторните предизвици, како и потенцијалните можности за подобрување на функционирањето на Фондот за енергетска ефикасност во Македонија, преку анализирање на домашни и меѓународни практики и давање конкретни препораки за негово поефикасно и одржливо работење.

Работни задачи и одговорности на понудувачот

Активностите ќе бидат реализирани како копродукција помеѓу Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и ангажираната страна. Клучните области на фокус ќе бидат следниве:

  1. Анализа на институционалната поставеност на Фондот за енергетска ефикасност во РСМ, со осврт на:
  • Моменталната правна и институционална рамка;
  • Стратешките и регулаторни документи кои го дефинираат или се поврзани со Фондот;
  • Практичната (не)функционалност на Фондот до денес;
  • Улогата на Фондот во спроведување на политиките за енергетска ефикасност.
  1. Истражување и преглед на добри практики од земји на ЕУ и земји во регионот:
  • Примери за успешно функционирање на слични фондови;
  • Финансиски и регулаторни механизми кои ги поттикнуваат инвестициите во енергетска ефикасност;
  • Институционални аранжмани кои може да се применат во македонскиот контекст.
  1. Идентификација на предизвици и ограничувања:
  • Анализа на административни, законски, технички и политички бариери за функционалноста на Фондот;
  • Потенцијални конфликти на надлежности и институционални преклопувања.
  1. Формулирање на препораки за подобрување на регулаторната рамка, управувањето, капацитетите и фискалната одржливост на Фондот:
  • Предлог-мерки за активирање на Фондот;
  • Можности за интегрирање со други инструменти за климатско и енергетско финансирање (на пр. донаторски, буџетски, ЕУ-фондови).
  • Препораки за тоа како домаќинствата би можеле да станат корисници на Фондот (пр. преку кредити, субвенции, јавни повици).
  1. Изработка и предавање на документот (анализа):
  • Подготовка на работна верзија и финализирање на документот.
  1. Соработка и комуникација со тимот на Еко-свест:
  • Редовна комуникација со назначено лице;
  • Почитување на политиките на организацијата и исполнување на административните обврски.

Временска рамка за доставување на понуда

Краен рок за пријавување е вторник, 12 август 2025 година, до 16:00 часот на електронската адреса: [email protected], со назнака: Пријава за ангажирање соработник за развој на анализа на поставеност на Фондот за енергеткса ефикасност во Македонија: состојба, предизвици и препораки. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Критериуми за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за пријавување, ќе се формира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:

– Техничка понуда (70 поени)

– Финансиска понуда (30 поени)

Потребна документација за пријавување

1.За индивидуални лица:

Технички дел:

  • Предлог активности и предлог содржина на анализата.
  • Портфолио (биографија).
  • Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.

Финансиски дел:

Забелешка: Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен персонален данок и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.

Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.

2.За организации/правни лица*:

Технички дел:

  • Предлог активности и предлог содржина на анализата.
  • Податоци за ангажираниот соработник кој ќе работи на изработка на анализата на поставеност.
  • Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
  • Податоци за контакт на лицето одговорно за пријавата и комуникацијата со Еко-свест.

Финансиски дел:

  • Финансиска понуда.
  • Тековна состојба на правниот субјект кој е носител на понудата, не постара од 6 (шест) месеци.
  • Пополнета изјава (Анекс 3)
  • Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

Временска рамка за спроведување на активноста

Периодот на имплементација на оваа активност е од август 2025 до септември 2025.

Буџет

Максималниот буџет достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 3.000,00 ЕУР (во денарска противвредност според курсот од конверзијата на средствата од примената транша од донаторот) со вклучен персонален данок или ДДВ.

Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.

Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.

Целосен опис на задачите.

Share This

Share this post with your friends!