Дали сакаш да бидеш гласот на заедниците кои со децении живеат во сенка на историското загадување? Еко-свест отвора позиција за енергична и комуникативна личност која ќе ги преточи комплексните еколошки ризици во разбирливи кампањи и ќе бара решенија таму каде што се најпотребни.
Твојот фокус ќе биде ставање на мапата на решенијата за локациите како Усје, Југохром и РЕК Битола, работејќи директно со граѓаните и институциите за праведна и здрава иднина.
За Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест:
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:
– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;
– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;
– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;
– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;
– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;
– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;
– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;
– Спроведување на посебни активности во областите на:
- заштита на климата
- заштита на природата
- заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
- одржлив развој на локалните заедници
- одржлив транспорт
- одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
- одржливо управување со отпадот
- иновации во заштитата на животната средина
- паметно просторно планирање
- поддршка на заедниците и активно граѓанство.
Повеќе информации за областите на делување на Еко-свест: https://ekosvest.com.mk/
Опис на позицијата координатор за Координатор за застапување за решавање на еколошки „жешки точки“ (Environmental Hotspots Outreach & Advocacy Coordinator)
Како Координатор за „жешки точки“, ти ќе бидеш врската помеѓу нашиот стручен тим за енергија и клима и луѓето на терен. Твојата мисија е да ја подигнеш јавната свест за последиците од индустриското загадување, да документираш состојби и да организираш локален отпор и поддршка за ремедијација и еколошки решенија.
Клучни одговорности:
Теренска работа и комуникација: Редовни посети на локациите (Битола, Јегуновце, Скопје-Усје) за средби со локални еколошки здруженија и граѓани.
Кампањи за јавна свест: Креирање и спроведување на кампањи за информирање на јавноста за ризиците од историското загадување и потенцијалните решенија.
Креирање содржини: Снимање на изјави, видеа на терен и подготовка на материјали за социјалните медиуми кои ја прикажуваат реалната слика на „жешките точки“.
Организација на настани: Логистичко планирање и реализација на обуки, работилници и јавни состаноци со засегнатите страни.
Поддршка на тимот Енергија и клима: Тесна соработка со тимот за обезбедување на податоци од терен и логистичка поддршка при спроведување на специфични проектни активности.
Застапување: Одржување комуникација со локалните самоуправи и индустриските субјекти за следење на напредокот во еколошките дозволи.
Известување за активностите: Поддршка во подготовка и пишување на извештаи за спроведените активности.
Потребни квалификации:
Образование: Високо образование (Комуникации, Животна средина, Социологија, Политички науки или сродни области).
Вештини:
Одлични комуникациски и презентациски способности.
Вештина за мобилно новинарство (снимање и едитирање кратки видеа со телефон ќе се смета за голем плус).
Организациски вештини за логистичко водење на настани.
Возачка дозвола Б-категорија (активен возач) – подготвеност за чести патувања низ државата.
Способност за размислување насочено кон решенија.
Тимска работа.
Искуство: Претходно искуство во граѓански сектор, активизам или работа со заедници.
Лични карактеристики: Емпатија, упорност и способност за пренесување комплексни информации на едноставен јазик.
Што нудиме?
Директно вклучување во најважните еколошки битки во земјата.
Обуки за јавен настап, застапување и дигитални алатки.
Работа со тим од врвни експерти кои ја менуваат еколошката слика во Македонија.
Флексибилни работни услови комбинирани со динамична работа на терен.
Работни услови:
Неделното работно време е 40 часа (од 8 до 16 или 9 до 17 часот). Локација на вршење на работните обврски е во Скопје. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата, согласно политиката за личен доход на Еко-свест е помеѓу 30 000 и 50 000 денари нето и се утврдува согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.
Начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:
- Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
- Професионална биографија;
- Професионална препорака/референца е пожелна.
Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Координатор за еколошки жешки точки.
Пријавувањето е отворено од 30.01.2026 до пополнување на позицијата.
Најнови коментари