Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија има потреба од ангажирање на Експерт за изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата врз основа на изготвен Извештај за Мапирање на локални чинители во процесот на праведна транзиција во Кичевскиот и Битолскиот регион” со цел нивно комуницирање со сите засегнати страни.
ЗАДАЧИ
Апликантот треба:
- Да соработува и да ги следи насоките на лицата назначени од Еко-свест со цел изготвување на “Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата”.
- Врз основа на изработениот “Извештај за Мапирање на локални чинители во процесот на праведна транзиција во Кичевскиот и Битолскиот регион” да изработи “Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата” вклучително позитивни компаративни практики од земјите од ЕУ, потенцирање на клучни принципи и црвени линии во однос на ставовите.
- Да подготви клучни поенти и најбитни информации од “Нацрт ставовите” со цел нивно комуницирање со сите засегнати страни.
- За сите преземени активности да достави листа за изработени денови и финален извештај согласно урнеци доставен од Еко-свест.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Писмо за интерес
- Финансиска понуда (во денови)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Завршено високо образование (правен факултет, инженер за заштита на животна средина, машински или електро инженер со фокус на енергетика и друго образование кое одговара на повикот)
- Докажано искуство во работа со граѓански организации/ локални заедници
- Докажано искуство во изработка на сумарни истражувања/ анализи/ “нацрт ставови” (position paper)/ претставки до институции/ лобирање и застапување.
- Докажано локално и регионално искуство во секторот енергетика и/или климатски промени се смета за предност
- Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 40 бодови
- Искуство во работа со ГО и локални заедници и енергетика и/или климатски промени 40 бодови
- Финансиска понуда 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Организацијата го задржува правото да спроведе интервју со најдобрите кандидати.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 61.600 ден.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 6 декември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за Експерт за изработка на Нацрт ставови за процесот на праведна транзиција во земјата “
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected] или 075 580 480.
Најнови коментари