Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Декарбонизација на енергетскиот сектор во Македонија“ има потреба од професионална изведба на театарска претстава со веќе подготвено и одобрено сценарио.

Цел на активноста

Ангажираната страна ќе биде одговорна за продуцирање, изведба и промоција на театарска претстава со најмалку две јавни изведби. Претставата има за цел да допре до широка публика и да обезбеди квалитетно културно и едукативно искуство.

Театарската претстава се предвидува да се изведе на најмалку 2 (две) јавни локации на територијата на државата и тоа во: град Скопје и град Битола.

Работни задачи и одговорности на понудувачот

  1. Уметничка и техничка изведба на претставата
  2. Обезбедување соодветни локации за изведба во Скопје и Битола
  3. Логистика, техничка поддршка и координација
  4. Промоција на претставата
  5. Редовна комуникација со Еко-свест

Детален преглед со опис на работната задача се наоѓа во Анекс 1 од Повикот.

Временска рамка за доставување на понуда

Краен рок за пријавување е петок, 6 март 2026 година, до 16:00 часот на електронската адреса: [email protected], со назнака: Пријава за Театарска Претстава. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.  Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Еко-свест ќе гo контактира избраниот понудувачи, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката, Еко-свест
ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат
право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски
дена.

*Напомена

Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на физички лица; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице); потврда за казнена евиденција за физички лица; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

Критериуми за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:

– Техничка понуда (70 поени)

– Финансиска понуда (30 поени)

Потребна документација за пријавување

Технички дел на понудата

  1. Предлог концепт за изведбите.
  2. Потпишани изјави или пред-договори со сите наведени учесници со кои се потврдува нивното учество.
  3. Изјава, согласност или пред-договори за регулирање на авторските права.
  4. Доказ за реализација/учество во најмалку 1 (една) продукција во која учествувале професионални уметници во последните 5 (пет) години.
  5. Референци за претходно слично искуство со соодветни интернет линкови.
  6. Податоци за контакт на лицето одговорно за пријавата и комуникацијата со Еко-свест.
  7. Меморандуми или договори за соработка кои се поврзани со понудата.

Финансиски дел на понудата:

  1. Финансиска понуда.
  2. Пополнета декларација (Анекс 2)

Забелешка: Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен персонален данок и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.

Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.

Доставените материјали остануваат во архива на Еко-свест.

Временска рамка за спроведување на активноста

Периодот на имплементација е помеѓу 15 март и 30 септември 2026 година. По склучување на договорот, избраната страна ќе има период од 7 (седум) месеци за реализација на договорените активности, почнувајќи од месец март 2026 година.

Буџет

Максималниот буџет достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 307.500 МКД со вклучен персонален данок.

Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен персонален данок и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.

Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна промоција и изведба на претставата, со сите потребни трошоци за сите учесници во театарската претстава, без дополнителни трошоци за Еко-свест.

Анекс 1. Опис на работната задача

Анекс 2. Изјава од понудувач

Share This

Share this post with your friends!