Во рамки на своите проекти во доменот на климатските промени, Еко-свест објавува повик за изработка на пет кратки видеа за информирање и подигнување на свеста кај граѓаните.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е информирање и едукација на граѓаните во земјава за следните теми:
• Климатски промени
• Климатска акција и објаснување на националните климатски цели
• Влијание на секојдневните активности врз климата
Во рамки на кампањата ќе се користат студии, анализи и информации произведени од страна на Еко-свест на соодветната тема.
ЗАДАЧИ
Избраниот понудувач треба:
• Да соработува и да ги следи насоките за изработка на видеата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест. Ресурсите и материјалите за изработка на видеата ќе бидат презентирани на избраниот понудувач по потпишување на договорот за соработка;
• Да предложи креативни сценарија кои ќе ги претстават зацртаните климатски цели во координација со тимот на Еко-свест;
• Да ги модифицира сценаријата согласно насоките и коментарите од Еко-свест
• Да подготви и достави нацрт видео содржина за 5 видеа за одобрување од страна на Еко-свест;
• Да ги интегрира насоките и забелешките од Еко-свест во крајната верзија на видеата;
• Да изработат промотивна содржина за видеата
• Да ги предаде кратките видеа во соодветен формат и титлувани на македонски јазик (висока дефиниција 1080 HD и верзија за споделување на социјални медиуми) заедно со транскрипт во договорениот рок.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 26 април 2024 г., 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка на видео содржина.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Еко-свест ќе го извести само понудувачот чија понуда е избрана и со него ќе склучи договор.
Целосниот повик и потребна документација може да го превземете на следниот линк.
Почитувани,
1. Сакам да конкурирам на отворениот повик како физичко лице, но пријавниот документ на кој понудувачот се потпишува е изработен само како за правен субјект. Дали да го користам истиот формулар, со потенцирање дека се работи за физичко лице, или пак има друго решение?
2. Во однос на финансиската понуда – многу големо влијание има времетраењето на видеата. Дали е соодветно понудата да се базира на цена на чинење според минута, или очекувате друг облик на понудата? Доколку да, молам за поспецифилно објаснување, или пак евентуално колку приближно долги се очекува да бидат видеата? Имајте предвид дека големо влијание има и квалитетот и обемот на материјалот кој се споменува во вашето објаснувањето, кој треба да го добие изведувачот.
3. Дали предвидувате сите 5 видеа да бидат изработени и во панорамски и во вертикален (Инстраграм) формат? Доколку да, имајте предвид дека тоа решение во голема мера ќе ја ограничи естетиката на едниот од форматите.
Однапред благодарен за било какво објаснување.
Почитуван,
Подолу одговори на вашите прашања:
1. Во документот во пдф како Анекс 2 додадена е Декларација за непостоење на судир на интереси за физички лица. Се извинуваме за превидот.
2. Видеата не треба да бидат подолги од 6минути.
3. Треба да бидат изработени само во панорамски формат за ТВ и youtube.
Со почит,
Еко-свест
Почитувани,
Благодарам за одговорите. Одговорите се јасни, но во документот со Анекс 1, нема додадено Анекс 2. Дали грешам и не го наоѓам, или сепак не сте го ставиле.
Дали е соодветно да допишам нешто во духот на Декларацијата за непостоење судир на интереси за физички лица?