Во рамки на проектот „Подигнување на свесноста за праведна транзиција и обновливи извори на енергија како решенија за напуштање на јагленот” спроведуван од Еко-свест, објавуваме повик за консултант за изработка на комуникациска стратегија за комуницирање на теми поврзани со енергетскиот сектор и енергетската криза.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е го унапреди капацитетот на проектниот тим за комуницирање на теми од областа на енергетиката со намера да придонесе кон дијалогот за ублажување на ефектите од кризата на конструктивен начин. Врз основа на изработената комуникациска стратегија која е предмет на овој повик, Еко-свест во наредниот период ќе спроведува јавна кампања од информативен карактер.
ЗАДАЧИ
Избраниот понудувач треба:
– Да спроведе најмалку два консултативни состаноци со проектниот тим на кој ќе се конкретизираат темите и прашањата поврзани со комуникациската стратегија;
– Согласно заклучоците од состаноците да изработи комуникациска стратегија за комуницирање на теми поврзани со енергетскиот сектор и енергетската криза. Предлог-комуникациската стратегија треба да опфати најмногу 5 (пет) страници со главни пораки, целни групи, типови на содржини, препорачани медиуми за комуницирање, како и предлог за други пропратни активности што може да придонесат кон целта на активноста;
– Да одржи кратка презентација на стратегијата пред проектниот тим со насоки како таа најдобро може да се спроведува и да ги одговори прашањата на проектниот тим кои ќе произлезат од истата.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Времето на изработка на комуникациската стратегија е 15 (петнаесет) дена од потпишување на договорот.
Вредноста на договорот не може да надмине 150.675,00 денари бруто износ.
КРИТЕРИУМИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ:
Повикот е отворен само за физички лица кои ги исполнуваат критериумите од повикот и ќе достават комплетна документација.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
При пријавувањето, заинтересираните понудувачи треба да достават:
- Професионална биографија (CV) на понудувачот;
- Портфолио со сработени комуникациски стратегии, со тоа што како предност ќе се сметаат сработени комуникациски стратегии на теми од енергетика, праведна транзиција, животна средина и климатски промени.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: davor@ekosvest.com.mk најдоцна до 31 август 2022 г., 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка на комуникациска стратегија.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Еко-свест ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана како најповолна.
Најнови коментари