Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија има потреба од ангажирање на координатор на работна група за праведна транзиција.


ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку формирање на платформа за праведна транзиција во рамки на работните групи на националната коалиција за клима.

ЗАДАЧИ

Апликантот треба:

  1. Во консултација со Еко-свест да изработи 9 месечен план за работа,
  2. Да организира и модерира најмалку една онлајн работна група за праведна транзиција во рамки на националната коалиција за клима секој месец,
  3. Во консултација со Еко-свест редовно да ги известува и информира членовите на работната група и локалните заедници од Кичево и Битола за вести од интерес за процесот на праведна транзиција,
  4. Да изготви записници и сумарна анализа од работната група и сите дискусии
  5. Редовно да комуницираат со лицето за контакт дадено од страна на Еко-свест
  6. Да ја модерира и редовно ажурира фејсбук групата за праведна транзиција

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 9 месеци од потпишување на договорот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, апликантите треба да достават:

  1. Биографија (CV)
  2. Писмо за интерес

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Завршено високо образование (правен факултет, завршени студии по животна средина со акцент на правна рамка, технолошко металуршки факултет со акцент на правна рамка, или друго образование соодветно на повикот)
  2. Докажано искуство во работа со граѓански организации
  3. Докажано искуство во работа со локални заедници
  4. Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 60 бодови
  • Искуство во работа со ГО и локални заедници 40 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
    Понудата не смее да надмине 61.600 ден.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 19 април 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за координатор за работна група за праведна транзиција“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Share This

Share this post with your friends!