Во рамки на проектот ,,Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европската Унија, објавуваме повик за подготовка и организирање на повеќедневен виртуелен настан од областа климатски промени.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е зајакнување на националната мрежа за климатски промени како и создавање понатамошни приоритети и насоки за работа на коалицијата.
ЗАДАЧИ
Избраната компанија/организација треба да:
- Да соработува и да ги следи насоките за подготовка и организирање на виртуелниот настан од страна на проектниот тим на проектот „Да Зборуваме за климатските промени“
- Да подготви и организира виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици. Работилниците треба да бидат соодветно испланирани во текот на 10 работни дена.
- Да пронајде и подготви соодветни технички решенија за организирање и следење на виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници. Мора да се обезбедат услови за најмалку тројца говорници физички присутни во студиото/избраната локација, превод од мк-ен и ен-мк како и можност за следење во живо и интеракција на настанот за најмногу 100 учесници
- Да обезбеди снимки од виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници
- Да изработи дневен ред за виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници
- Да пронајде и ангажира говорници за сите посебни работилници
- Да обезбеди модератор за сите посебни работилници дел од виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени
- Да обезбеди лице кое ќе фаќа белешки од виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници
- Да подготви список на сите релевантни чинители во областа климатски промени на вируелниот настан и посебните (ГО, институции, приватен сектор, научно-истражувачки сектор) работилници
- Да испрати покани за виртуелниот настан по емаил до сите релевантни чинители по претходни консултации со проектниот тим на проектот „Да Зборуваме за климатските промени“
- Однапред да го промовира настанот преку традиционалните и нови медиуми и да изработи и спроведе кампања на социјални медиуми за промовирање на резултатите од проектот „Да Зборуваме за климатските промени“
- Да ги проследи клучните пораки од настанот, посебните работилници на официјалните профили на социјалните мрежи, вклучително и графички дизајн на истите
- Да ги комуницира резултатите од виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници со сите засегнати чинители
- Да изработи медиумски пакет за виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници
- Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Времето на подготовка на виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници е 20 (дваесет) дена од потпишување на договорот.
Времето на организирање на виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици е крајот од месец март (22.03.2021 – 2.04.2021).
Времето на доставување на извештај за постигнатите резултати е 2 (две) седмици по завршување на настанот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании/организации треба да достават:
- Краток опис на компанијата/ организацијата
- Портфолио со сработени виртуелни настани, особено од областа животна средина и клима
- Биографија од лицата кои ќе учествуваат во подготовка и организирање на виртуелниот настан
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Финансиска понуда по ставки
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија/организација која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство на компанијата 30 бодови
- Биографии на лица ангажирани за настанот 50 бодови
- Понудена цена 20 бодови
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во соодност квалитет на понуда и цена. Содржината на овој документ е одговорност единствено на Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ и под никакви услови не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската унија.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 8 февруари 2021 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за подготовка и организирање на виртуелен настан.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 205 431
Најнови коментари