Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за ангажирање на проектен координатор.

Задолженијата на проектниот координатор ќе бидат објаснети подолу во овој повик.

Повикот е отворен од 24.01.2022 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:

  • Биографија (CV)
  • Контакт информации до три референци
  • Мотивациско писмо

Се бара 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот. Позицијата е на полно работно време за период од 9 месеци.

Прашања во врска со повикот

Сите прашања во врска со повикот слободно може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 31.01.2022 година.

Учество на повикот

Сите кандидати треба подготвената документација да ја пратат на следната електронска адреса: [email protected]. Повикот е отворен се додека не се пополни позицијата.

 

Барања на повикот (TOR)

Општо за организацијата

Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година. Во 2008 година, Еко-свест го менува својот назив во „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ со цел најдобро да ја отслика својата дејност, мисија и визија.

Главната цел за формирањето на здружението лежи во потребата да се зголеми јавната свест за неопходноста од грижа за животната средина во Македонија, преку информирање, едуцирање и застапување.

Еко-свест од самиот почеток работи на темите тесно поврзани со заштитата на животната средина и тоа:

  • одржлив транспорт;
  • обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност;
  • одржливо управување со отпадот;
  • заштита од хемикалии и тешки метали;
  • заштита од генетски модифицирани организми.

Како хоризонтални прашања кои ги тангира организацијата, но и нејзини главни определби се информирањето на едукацијата на граѓаните во Македонија, учеството на јавноста во донесувањето одлуки од област на животната средина, транспарентното и отчетното работење на јавните институции, јавни пари за јавни придобивки, пристап до правда во област на заштита на животната средина.

Во својата работа, Еко-свест спроведува проекти, јавни кампањи, застапува одредени ставови поврзани со проблематиката и генерално информира врз база на спроведени анализи, истражувања и анкети.

Во своето досегашно работење, Еко-свест има спроведено над 40 проекти во Македонија и регионот.

Од 1 јуни Еко-свест започна имплементација на проект финансиран од СИДА во чии рамки се планира грантова шема за граѓански организации во висина од 400000 евра за период од 3 години.

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Квалификации и искуство

Кандидатот треба да има завршено високо образование.

Да има минимум 3 години работно искуство во координирање на проекти, пожелно во секторот животна средина и клима.

Претходно искуство во раководење со програми вклучувајќи и менаџирање и работа со податоци и подготвување на извештаи.

Потребно е да има одлични организаторски способности, способност за тимска работа и работа со крајни рокови.

Познавање на Англиски јазик е задолжително, како и работа на компјутер.

Пожелно е да поседува комуникациски и човечки вештини и способност за работа под притисок.

Работни задачи

  • Координирање и надгледување на спроведувањето на проектните активности
  • Управување и извршување на проектни активности (доделување задачи и контрола на распоредот, обезбедување на навремено завршување на проектните активности, споделување релевантна документација со проектниот тим)
  • Комуницирaње на спроведувањето на проектот со членовите на тимот
  • Пишување и прегледување на наративни извештаи
  • Тесна соработка со останатите вработени во организацијата
  • Одржување врски со релевантните национални и меѓународни чинители;
  • Извршување на работните задачи во согласност со политиките на Еко-свест.

Позиција

Позицијата за која се бара лицето е Проектен координатор (1 лице) на Еко-свест. За лицето ќе биде обезбедена соодветна дополнителна обука за работа во граѓанска организација. Лицето ќе биде вработено со полно работно време од 40 часа неделно. Пробен период од 3 месеци може да биде применет во зависност од избраниот кандидат. Позицијата е за период од 9 месеци како замена поради породилно отсуство. Платата во нето износ е помеѓу 45 000 и 55 000 денари во зависност од ускуството на избраниот кандидат и согласно системот за плати на Еко-свест.

Потребни документи

  • Биографија (CV)
  • Контакт информации од три референци
  • Мотивациско писмо

 

Прашања во врска со повикот

Сите прашања во врска со повикот слободно може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 31.01.2022 година.

 

Учество на повикот

  • Сите кандидати треба подготвената документација да ја пратат на следната електронска адреса: [email protected]. Повикот е отворен се додека не се пополни позицијата.

Share This

Share this post with your friends!