Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија има потреба од ангажирање на компанија/здружение или независен експерт кои би изготвиле и спровеле 1 онлајн фокус група и 20 длабински интервјуа на таргетирана група на засегнати страни.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е мапирање на сите релевантни чинители во земјата, особено локалното население кое живее во регионите зависни од јаглен, со цел да се обезбеди соодветно учество на сите засегнати во процесот на планирање на праведна енергетска транзиција.

ЗАДАЧИ

Апликантот треба:
1.Во консултација со Еко-свест да изготви листа на учесници за фокус групата и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групата и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групата, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за фокус групата.

  1. Да организира и фасилитира 1 онлајн фокус група.
  2. Да спроведе длабински интервјуа на 20 релевантни чинители.
  3. Да изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групата. Исто така може да се произведат прашалници или графикони кои произлегуваат од резултатите или препораките.
  4. Редовно да комуницираат со лицето за контакт дадено од страна на Еко-свест
  5. Да направи мапа на релевантни чинители и анализа на моќ и да ја достави до Еко-свест. ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, апликантите треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата/здружение или биографија доколку апликантот е експерт
  2. Портфолио од претходно искуство
  3. Финансиска понуда.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Претходно споведување на фокус групи и длабински интервјуа на релевантни чинители.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 70 бодови
  • Понудена цена за активноста 30 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови.
    Понудата не смее да надмине 184.800 ден.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 19 април 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за мапирање на релевантни чинители за праведна транзиција’’
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Share This

Share this post with your friends!