Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје, во рамки на проектот „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), објавува повик за спроведување на
ТЕЛЕФОНСКА АНКЕТА И ФОКУС ГРУПИ
на територијата на Република Северна Македонија
I. Цел на активноста:
Цел на активноста е спроведување на национална анкета за испитување на јавното мислење на репрезентативен примерок и спроведување на фокус групи, преку ангажирање на компанија/организација со цел добивање релевантни податоци за познавањата и перцепциите на различните групи граѓани и засегнати страни на теми поврзани со влијанието на климатските промени врз животот на грѓаните на Република Северна Македонија.
Јавната анкета и фокус групи треба да дадат одговори на прашања и перцепциите поврзани со климатиските промени на локално и национално ниво, кои директно ќе помогнат во планирањето и дизајнирањето на различни национални кампањи и стратегии за комуникација за зголемување на свесноста за влијанието на климатските промени во државата.
II. Опис на активностите:
- Реализирањето на јавната телефонска анкета треба да се спроведе на репрезентативен примерок од минимум 1.010 испитаници рамномерно застапени на територијата на целата држава. Темите од особен интерес кои треба да бидат застапени во анкетирањето и фокус групите и дадат релевантни информации и показатели кои ќе се однесуваат не следните специфиични цели:
- зајакнување на граѓанското општество да учествува во донесувањето одлуки поврзани со климата и преземање локални активности преку подобрување на нивните капацитети, знаења и вештини;
- Зголемување на јавната свест за можностите за нискојаглеродни економии и зелена трансформација,
- и градење притисок во јавноста врз институциите за да се обезбедат овие случувања преку промени во политиките и програмите.
- Фокус групите треба да бидат еднакво застапени во соодветните плански региони (вкупно 8) и да дадат детални индикатори и информации за влијанието на климатските промени во секој од конкретните плански региони, односно информации за познавањето на теми и проблеми поврзани со климатските промени на локално и национално ниво. Во дефинирањето на фокус групите, посебен акцент треба да се стави на соодветна родова и полова застапеност, со особен опфат и фокус на граѓаните кои припаѓаат на следните ранливи и маргинализирани категории: жени, млади и постари лица и социјални категории на граѓани. Тимот на „Еко-Свест“ тесно ќе соработува со избраниот понудувач во допрецизирање на методологијата и дефинирањето на фокус групите.
III. Период на реализација:
Спроведувањето на јавната анкета и фокус групи треба да се одвиваат во периодот помеѓу 11 и 20 ноември 2021г. а наодите и анализите да се достават до Еко-Свест најдоцна до 25 ноември 2021г.
IV. Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
-Краток опис на компанијата/ здружението;
-Портфолио од претходно релеватно искуство
-Финансиска понуда.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
V. Евалуација на пријавите:
Евалуационата комисија ќе ги извести сите понудувачи за одлуката. Понудите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Претходно искуство во спроведувањето на слични активности: 40 поени
Понудена цена за активноста: 60 поени
Вкупно: 100 поени.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број поени.
VI. Пријавување:
Комплетната понуда заинтересираните треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 9 ноември 2021 г., 16:00 часот со назнака: “Пријава за јавна анекта и фокус групи за климатски промени“.
За сите дополнитени прашања и консултации заинтересираните субјекти може да се обратат електронски, најдоцна до 5 ноември 2021 г.
Најнови коментари