Во рамки на проектот ,,Заштитени подрачја за луѓето и природата II”, спроведуван од Еко-свест во партнерство со WWF Adria, објавуваме повик за правни и физички лица за техничка поддршка и модерирање на настани.

АКТИВНОСТИ

  1. Активност 1 – Соработка со институции- онлајн настан на тема финансирање на заштитени подрачја;
  2. Активност 2 – Структурен дијалог со релевантни чинители, институции и НВО за изработка на заеднички ставови- онлајн настан за иднината на заштитените подрачја и начинот на нивното управување.

ЗАДАЧИ

Избраното физичко или правно лице треба:

• Да соработува и да ги следи насоките за спроведување на онлајн настаните од лицето назначено за комуникација од Еко-свест;

• Да ги спроведе сите подготвителни активности пред организирање на онлајн настаните што се однесуваат на организирање на настаните, да ги исконтактира релевантните институции, организации, компании и други засегнати страни кои имаат активности на темите со цел нивно учество во онлајн настаните;

• Да ги организира и модерира онлајн настаните преку Zoom платформата (линкот ќе биде обезбеден од страна на Еко-свест), како и да обезбеди логистичка и техничка поддршка за време на настаните;

• Да изготви краток извештај) од онлајн настаните кои ќе вклучуваат податоци за бројот на учесници, слики од настанот (screenshot) и дневниот ред на настанот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на овие активности е 30.09.2021 година.

Вредноста на договорот не може да надмине 30 180,00 денари (490 евра во денарска противвредност) со вклучен ДДВ износ за правните лица, односно персонален данок за физичките лица.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните правни лица треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата;
  2. Тековна состојба, не постара од 6 месеци.

Заинтересираните физички лица треба да достават:

  1. Лична биографија (CV).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Правните лица кои аплицираат мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години;

2. Најмалку 5 (претходно) организирани/ модерирани онлајн настани преку Zoom платформата.

Физичките лица кои аплицираат мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Најмалку 5 (претходно) организирани/ модерирани онлајн настани преку Zoom платформата.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

– Претходно искуство во спроведување на слични активности 80 бодови

– Профил/ биографија 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со она правно или физичко лице кое освоило најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 8 септември 2021 г. 00:00 часот, со назнака Апликација за техничка поддршка и модерирање на настани.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

Share This

Share this post with your friends!