Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на тренер за енергетски кооперативи.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.
ЗАДАЧИ
Апликантот треба:
- Да подготви агенда за тренинг во времетраење од два дена,
- Да спроведе тренинг во времетраење од два дена со физичко присуство во Кичевски регион
- Да подготви извештај за спроведениот тренинг
ТЕМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ОПФАТИ ТРЕНИНГОТ
- Процес на основање на енергетски кооперативи
- Модалитети за функционирање и работа на енергетски кооперативи
- Обезбедување финансиска одржливост на енергетски кооперативи
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 2 месеци од потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
- Биографија (CV)
- Писмо за интерес
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Завршено високо образование (правен факултет, завршени студии по животна средина со акцент на правна рамка, електро машински факултет, или друго образование соодветно на повикот)
- Докажано искуство во спроведување тренинзи
- Докажано искуство во работа со граѓански организации
- Докажано искуство во работа со локални заедници
- Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 60 бодови
- Искуство во работа со ГО и локални заедници 40 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Понудата не смее да надмине 24.600 мкд.
Логистичките трошоци за тренингот се покриени од проектот.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 19 април 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за на тренер за енергетски кооперативи“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected]
Најнови коментари