за учество и поддршка за изработка на нацрт-методологија за мерење еколошки проток на површинските води и воспоставување на редовен мониторинг на еколошкот проток во пилот подрачја во НП Маврово и НП Шар Планина.
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Заштита на реките преку воспоставување мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитените подрачја“ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust, објавува повик за ангажман на консултант за изработка на нацрт-методологија за мерење еколошки проток на површинските води и воспоставување на редовен мониторинг на еколошкот проток во пилот подрачја во НП Маврово и НП Шар Планина.
Цел на активноста
Консултантот ќе биде ангажиран на долгорочна основа, во времетраење од потпишувањето на договорот до завршување на проектните активности во август 2026 година. Ангажманот ќе се состои од повеќе еднократни активности детално опишани во повикот, како и редовни мониторинг и тренинг активности кои ќе траат до август 2026 година. Со цел успешно спроведување на проектните задачи, консултантот треба да има познавање на:
• Рамковната директива за води (Water Framework Directive), што претставува водечки документ за европските практики за управување со водите и степенот на нејзина имплементација во земјава,
• Постоечкиот Закон за води, новиот предлог-закон за води и останатите законски одредби во областа,
• Методологиите за мерење на ниво и проток на води,
• Опремата и уредите за хидролошки и хидраулични мерење,
• ГИС софтвери за просторна обработка на податоци,
• Хидролошко-хидраулични модели за пресметување и симулација на хидролошко-хидраулични параметри.
Критериуми за апликантите
Очекуваме понуди од понудувачи кои е пожелно да ги исполнуваат следните критериуми:
• Високо образование во областа на хидрологијата,
• Минимум 10 години искуство во областа на хидрологијата и водните ресурси,
• Искуство во областа на хидрогеологијата и хидробиологијата
• Работно искуство на територијата на НП Маврово и НП Шар Планина и демонстрирано познавање на состојбите во речните сливови на територијата на двата парка,
Обем и опис на услугата
Избраниот експерт во календарскиот рок од 10.12.2024 до 31.08.2026 година, следејќи ја динамиката на проектот, треба да ги спроведе следниве активности:
1. Учество и поддршка за изработка на нацрт-методологија за мерење еколошки проток на површинските води неопходен за одржување на висок еколошки статус на реките во НП Маврово и НП Шар Планина
2. Воспоставување на редовен мониторинг на еколошкиот проток во пилот подрачјата во НП Маврово и НП Шар Планина
3. Подготовка на податоци (статистички и графички) за потребите на кампањските/ комуникациските активности на проектот.
Детален преглед со опис на работните задачи се наоаѓа во Анекс 1 од овој Повик.
Услови на повикот и начин на пријавување
На повикот може да аплицираат индивидуални експерти.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака „Апликација за изработка на нацрт-методологија за мерење еколошки проток на површинските води и воспоставување на редовен мониторинг на еколошкот проток во пилот подрачја во НП Маврово и НП Шар Планина“.
Документи кои кандидатите треба да се достават при апликација:
1. Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на стручност/портфолио.
2. Понуда за изработка на нацрт-методологијата вклучувајќи финансиски предлог со детален преглед на трошоците за испорака на потребните активности наведени во овој повик (Анекс 1).
3. Потпишана Потврда за посветеност: Кодекс на однесување на Еко-свест и декларација за судир на интереси (Анекс 2).
Рокови и временска рамка
Повикот е отворен од 20 ноември 2024 година до 29 ноември 2024 година.
Заинтересираните понудувачи можат да ги испратат своите понуди најдоцна до 29 ноември 2024 година до 16:00 часот.
Консултантски ангажман ќе започне со потпишување на договорот, а треба да биде завршен до 31 август 2026 година.
Критериуми за избор на најсоодветен понудувач
По истекот на рокот за поднесување, комисија од три члена ќе ги оценува пристигнатите понуди. Кандидатите ќе бидат оценувани врз основа на следниве критериуми:
- Портфолио на кандидатот (50 поени)
- Финансиска понуда (50 поени)
Вкупно: 100 поени.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач најдоцна седум дена по завршувањето на периодот за поднесување на понудите. Договор ќе биде доделен на кандидатот со највисока вкупна оценка, имајќи ги предвид и квалитетот на понудата и цената.
Лице за контакт
За сите прашања, контактирајте нè на [email protected] најдоцна до 25.11.2024 година.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест во коментари под објавата за повикот и достапни за сите.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Понудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.
Контакт лице:
Ѓорѓи Митревски, Раководител на програма Води
[email protected]
Најнови коментари