Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, локална канцеларија Вевчани во рамки на проектот “Поддршка на одржливото управување со заштитеното подрачје Вевчански извори”финансиран од ПОНТ, има потреба од ангажирање на компанија за печатење на информативни табли и патокази.
Работни задачи и одговорности на компанијата/изведувачот
- Печатење на информативни табли и патокази
Спецификација и количина на дрвените информативни табли и патокази
Информативните табли и патокази се изработуваат од пластична фолија врз лим или друго решение издржливо на сончеви зраци и различни временски услови. Димензијата на информативните табли треба да е 100 сантиметри висина и 100 сантиметри ширина. Димензијата на патоказите треба да е 20 сантиметри висина и 80 сантиметри ширина.
Таблите се наменети да се постават на дрвена подлога со шрафење.
| Спецификација на табли | Количина |
| Принт-фул колор (може да е на пластична фолија, врз лим или друго решение. Димензии 100x100cm | Најмалку 20 |
| Спецификации на патокази | Количина |
| Принт-фул колор (може да е на пластична фолија, врз лим или друго решение. Димензии 20x80cm | Најмалку 10 |
Потребна документација за аплицирање:
- Краток опис на компанијата
- Портфолио
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Финансиска понуда (по табла и патоказ)
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години
Во понудата задолжително:
- Да се наведе единечната цена за секоја табла и патоказ, поединечно без ДДВ
- Временски рок на извршување на услугата
- Начин на плаќање
Евалуација на кандидатите
Еко-свест ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Договор ќе биде склучен само со оној кандидат чија понуда ќе биде оценета како најповолна.
Услови на поднесување
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака “Понуда за печатење на информативни табли и патокази”.
Краен рок за достава на понуди е 14 декември, 2022 година
Некомплетни понуди нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 225 604.
Најнови коментари