Во рамки на проектните активности за декарбонизација на општеството објавуваме повик за изработка на радио реклама и емитување на истиот на радиостаници во Кичевскиот регион.
ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА
Целта на кампањата е да се подигне свеста кај локалните заедници во Кичевскиот регион за важноста од активно вклучување на граѓаните во носењето одлуки од значење за правилно започнување и спроведување на процесот на праведна транзиција на регионите со јаглен.
ЗАДАЧИ
Избраната радио компанија треба да:
1.Изработи еден радио реклама на Македонски јазик и истиот да го прилагоди и на албански јазик во времетраење од 1 или 1,5 минута (текстот за радио реклама ќе биде претходно доставен од страна на нарачателот)
- Да го достави до нарачателот за коментари пред да се емитува во етер
- Корекција на рекламниот џингл со вклучени коментари од нарачателот
- Емитување на рекламниот џингл 10 или 5 пати во денот
- По завршување на периодот за емитување, радио компанијата е должна да достави листа со број на слушаност во периодите на емитување на радио реклама според Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Времето на изработка на радио рекламата е една недела по потпишување на договорот.
Време на емитување на радио рекламата еден месец со почеток на 1 јули 2021 година и крај на емитување на 31 јули 2021 година.
Вредноста на договорот не може да надмине 1100 евра во денарска противредност.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
- Краток опис на компанијата
- Финансиска понуда (Анекс 1).
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство и квалитет на претходно изработени радио џинглови
- Понудена цена по ставка
Договор ќе биде склучен со онаа радио компанија која освоила најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 17 јуни 2021 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за радио реклама.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071 400 720
Најнови коментари