Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климата“ финансиран од Шведска, објавува повик за ангажман на правен советник (правно или физичко лице) од областа на животната средина и климатските промени.

Цел на активноста
Консултантот/ Компанијата ќе биде ангажиран/а во времетраење од потпишувањето на договорот до завршување на проектните активности во мај 2025 година. Ангажманот ќе се состои од повеќе активности детално опишани во повикот. Со цел успешно спроведување на проектните задачи, консултантот/компанијата треба да има познавање на:
• Националната и меѓународната правна рамка за заштита на водите, природата, видовите и нивните живеалишта, климатските промени, енергетиката, стандарди за оцена на влијанијата врз животната средина, учество на јавноста во донесување на одлуки, право на сопственост, имотно-правни права и сл.;
• Искуство во работа со граѓански организации, граѓани и граѓански заедници во доменот на заштита на граѓанските права и правото на здрава животна средина.

Критериуми за апликантите
Очекуваме понуди од понудувачи кои е пожелно да ги исполнуваат следните критериуми:
• Високо образование од областа на правните науки;
• Добро разбирање на основните аспекти, проблеми и правни прашања од областа на животната средина;
• Најмалку една до три години работно искуство;
• Добри комуникациски и организациски вештини;
• Искуство во подготовка на претставки, жалби и тужби.

Обем и опис на услугата
Ангажираниот Правен советник ќе ги има следните работни задачи:
• Обезбедување на правни информации, правна поддршка и правни совети на прашања кои произлегуваат од областите на делување на Еко-свест: клима, енергетика, природа, води, активно граѓанство;
• Обезбедување на правна поддршка и совети за граѓански организации и граѓани по прием на барање за правна помош во доменот на заштита на животната средина;
• Остварување на средби и состаноци со засегнати граѓани, иницијативи и граѓански организации и правна помош при подготовка на поднесоци;
• Подготовка на правни иницијативи, жалби, претставки и тужби по потреба;
• Анализа на закони и уреби за потребите на целите на оваа задача; и
• Идентификување на правни проблеми при спроведувањето и планирањето на политики од областа на животната средина.

Услови на повикот и начин на пријавување
На повикот може да аплицираат индивидуални експерти и компании.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака „Апликација за правен советник“.
Документи кои кандидатите треба да се достават при апликација:

  1. Професионална биографија/ Портфолио на компанијата;
  2. Финансиска понуда за ангажманот (експертска дневница)
  3. Предлог временска достапност за ангажманот (претставена во денови за периодот 15 јануари- 31 мај 2025 година)
  4. Потпишана Потврда за посветеност: Кодекс на однесување на Еко-свест и декларација за судир на интереси за физички лица (Анекс 2) или Изјава за правни лица (Анекс 3).
    За сите прашања, контактирaјте нè на [email protected] најдоцна до 27.12.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест во коментари под објавата за повикот и достапни за сите.
    Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
    Понудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Рокови и временска рамка
Повикот е отворен од 23 декември 2024 година до 31 декември 2024 година до 16:00 часот.
Консултантски ангажман ќе започне со потпишување на договорот во текот на месец јануари 2025 година.
Критериум за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Кандидатите за секоја тематска област ќе бидат оценувани според следните критериуми:

  1. Професионална биографија/ Портфолио на компанијата – 60 бодови;
  2. Финансиска понуда за ангажманот (експертска дневница) – 40 бодови.
    Вкупно 100 бодови

Еко – свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица/физички лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); потврда за казнена евиденција за физички лица; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Договор ќе биде склучен со кандидатите кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

Share This

Share this post with your friends!