Локалната канцеларија Еко-свест во Вевчани објавува повик за нови членови кои сакаат да се приклучат кон нашата организација.
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Главната цел на локалната канцеларија во Вевчани е заштита на природата, едукација и одржливо управување со Заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“. Одржливото управување подразбира заштита на природата и нејзино разционално користење заради локален економски развој, но со зачувување на еколошките вредности со цел истите да се одржат и останат и за наредните генерации.
Придобивки за членовите на Еко-свест
» Проширување на знаења
Присуство на обуки и конференции на национално и меѓународно ниво.
» Учество во различни активности и настани
Можност за организирање, координирање и учество во настани и проектни активности кои се поврзани со Заштитеното подрачје Вевчански Извори: едукација за млади, еко-патрола, еколошко кино, планинарски тури, мапирање на видови, креативни работилници, анкети и истражувања, акции за чистење и сл.
Можност за осмислување и реализирање на Ваши активности и идеи.
» Професионален развој
Добивање на обука и пракса која овозможува стекнување со потврди и сертификати за учество во проекти. Можност за објавување на авторски написи во публикациите и на интернет страната на Еко-свест.
Кој може да биде член на Еко-свест?
Сите луѓе кои се заинтересирани за зачувување на природата, еколошка едукација и одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански Извори можат да се пријават за членови.
Како да станете член?
Пријавувањето можете да го извршите секој работен ден од 08:00 до 16:00 во канцеларијата на Еко-свест во Вевчани, преку пополнување на пристапница. Простапницата е достапна во нашата канцеларија и на линкот
За подетални информации можете да се јавите на телефонскиот број 070/225-604, или да не контактирате преку е-маил на: [email protected] или [email protected]
Најнови коментари