Како дел од нашите активности од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, го поддржавме овој уникатен производ со маркетинг и дизајн, со цел да го претставиме неговиот автентичен квалитет и да го промовираме како локален производ од природата кој ги спојува традицијата и природата.
Слаткото од костен е природно задоволство што го комбинира богатиот, земјен вкус на костени со сладоста на внимателно изработен сируп. Овој производ е повеќе од само вкусно уживање – тој претставува поддршка за зачувување на животната средина и зајакнување на локалната заедницата.
Костените се собираат и обработуваат со грижа и љубов, и со посебно внимание. Castanea WS се потпира на традицијата и прави производи кои целосно ја одразуваат истата, без компромиси. Производите не содржат никакви козерванси, адитиви, засилувачи на вкус, бои и се апсолутно природни и вкусни, со локално потекло.
Секој производствен циклус се занимава со мали количини и се фокусира на селекција, висок квалитет и рачна изработка, што резултира со уникатни специјалитети.
Целта на оваа активност е промовирање на Споменикот на Природата Вевчански Извори, брендинг и промовирање на производи кои потекнуваат од шумските плодови на планината Јабланица, со цел создавање препознатливост и одржливост на производите.
Производот може да се набави во Вест Сајт Мезе Бар во Вевчани.




Најнови коментари