Нашиот партнер, здруженоето Макстрипови, инспириран од Еко-хероите, го објавува новиот конкурс за стрип корица!

Тема: Креирај нов „Тим ЕКО“ суперјунак!💡

Осмисли свој оригинален јунак, направи карактер дизајн и нацртај стрип корица со него. На корицата можеш да вклучиш и лого, наслов, па дури и името на јунакот. ✅

„Тим ЕКО“ е стрип серијал создаден од „Еко-Свест“ и „Макстрипови“, напишан и нацртан од Давор Драмиќанин и Здравко Гиров. Досегашните суперјунаци најчесто имаат моќи инспирирани од природата, а преку нивните приказни на креативен начин се пренесува пораката за важноста од инвестирање во обновливи извори на енергија. 🦸🏻‍♂️♻️

На сликите во прилог ќе можете да видите дел од досегашните „Тим ЕКО“ ликови, како инспирација за вашиот нов херој. 🦾

Награди:

☀️3 награди по 6.000 денари.

💧Избраниот карактер може да стане дел од „Тим ЕКО“ во некоја од следните стрип-епизоди.

🌱Пофалените учесници ќе добијат и подарок-албуми „Тим ЕКО“.

Услови:

1️⃣ Карактерот мора да биде оригинален и да не е копија.

2️⃣ Илустрацијата не смее да биде изработена со AI алатки за генерирање слики.

Првите епизоди од „Тим ЕКО“ можете бесплатно да ги прочитате на веб-страницата на „Еко-Свест“, во делот Публикации → Стрипови. 🔗

@mkc_skopje
@bunkercomics
@makstripovi
#stripkvadrat
@comics.mk
@paragonscomics
@debeligikovi

Share This

Share this post with your friends!