На 09 септември 2002 година е формиран Центарот за истражување и информирање во животната средина Еко-свест од Скопје.
Во минатите две децении активно работевме на одржливиот развој, заштитата на животната средина и поттикнувавме зелена трансформација на општеството.
Предизвиците и постигнувањата во минатите дваесет години активна работа се дополнителен мотив – во следниот период да постигнеме уште повеќе и заеднички да придонесме за поздрава и почиста животна средина и одржлив развој.
Септември е месецот на одбележување на нашиот роденден и 20 годишното постоење. Следете ги нашите социјални медиуми и веб страницата за настаните кои ги организираме во следните недели и за објавите со кои заеднички ќе се потсетиме на нашите постигнувања.



Најнови коментари