Природата во нашата земја не се зачувува вистински бидејќи власта гледа на заштитените подрачја како на ресурс кој треба да се искористи, а не да се заштити за следните генерации. Загрижени сме бидејќи бизнис интересите се ставаат пред јавниот интерес!
Во изминатиот период државата поттикна заштита на природата преку прогласувањето на нови заштитени подрачја, изготвување на нови студии за валоризација на вредностите како и нови планови за управување на заштитените подрачја. Тоа е за поздрав и претставува напредок. Заштитените подрачја изобилуваат со уникатни природни богатства и се дом на ретки и ендемични животински и растителни видови. Природата е и извор на чиста вода, воздух и храна за сите луѓе и е важен дел од животот на локалните заедници, поврзана е со културата и традицијата.
Но, државните институции не се „на иста линија“ , а на тоа укажува тоа што прогласуваат подрачја за заштита и истовремено планираат инфраструктурни проекти на нивната територија кои неминовно значат нивно уништување.
Повеќе примери кои ја покажуваат тенденцијата да се распродаде нашата природа:
Планови за фотоволтаични електрани на подрачјето на Долна Брегалница, Емералд подрачје под заштита на Бернската конвенција и идно Натура2000 согласно Европските директиви.
Одлука за проширување на локален пат и изградба на граничен премин со Република Косово на подрачјето Луково Поле во Националниот парк Маврово, додека паркот се уште не е прогласен согласно закон и нема утврдени зони за заштита и план за управување.
Најави за изградба и проширување на ски-центри во националните паркови Маврово и Шар Планина, во период кога Маврово сѐ уште не е ре-прогласен и нема утврдени зони и план за управување, а Шар Планина нема одобрен план за управување.
Повторни барања за изградба на мали хидроцентрали во НП Шар Планина, во период кога Паркот чека усвојување на планот за управување со кој се забранува ваква активност на неговата територија,
Доделување на градежни дозволи и нелегални градби во НП Маврово додека Паркот се уште не е ре-прогласен и нема утврдени зони и план за управување,
Проект за изградба на ветерни паркови на Бистра на висина од 2100 метри, веднаш до границата на НП Маврово, на карстен предел кој обезбедува вода за пиење за над 150000 жители.
Изградба на ветерен парк Рамно во општина Старо Нагоричане во близина на Емералд подрачјето „Пчиња- Герман“, Значајно подрачје за птици (ЗПП) и Клучно подрачје на биодиверзитет (КПБ)- „Река Пчиња- река Петрошница- река Крива Река“.
План за изградба на хидроелектрична централа „Чебрен“ на територијата на заштитено подрачје Скочивирска клисура и локалитетот Мариово кое е Емералд подрачје заштитено според Бернската Конвенција и идно Натура2000 подрачје согласно Европските директиви, Значајно подрачје за птици, Значајно растително подрачје и Клучно подрачје за пеперутки.
Проект за изградба на фотоволтаични електрани на подрачје со халофитни (солени) почви во Овче Поле, идно Натура2000 подрачје согласно Европски директиви.
Дополнително, НП Маврово веќе 11 години чека на репрогласување и донесување на нов план за управување. Процесот се закочи поради „кроењето“ на зоните за да на сметка на природата се реализираат двата хидропроекти Бошкот Мост и Луково Поле, а потоа и се доделија бројни концесии за мали хидроцентрали во забранети зони. Поради доделените концесии долги години немаше придвижување на постапката и Паркот работи без закон и план.
НП Галичица недамна се огласи со информација дека се вршат притисоци за вработување на шумски инженер и порај тоа што Паркот повеќе не се бави со сеча на дрво. Галичица е пример за самофинансирање преку екосистемски услуги, но добива поддршка исклучиво од меѓународни донатори, а не од државниот буџет, како што е пропишано во законот.
НП Шар Планина функционира без план за управување кој од септември минатата година не се одобрува и го оневозможува Паркот да ја врши својата дејност. Во меѓувреме, се вршат притисоци за издавање позитивно мислење за хидроцентрали и ски центри, а се објави и информација за планот за изградба на регионален пат и тунел низ паркот.
Националните паркови и заштитените подрачја ниту се финансираат од државата, ниту имаат соодветни одржливи и ефикасни модели на финансирање и управување. Исклучок од ова правило е новиот национален парк Шар Планина кој за прв пат доби средства за работа од националниот буџет.
Само 14% од територијата на нашата држава е под заштита. Инфраструктурните проекти можат да се изградат и онаму каде нема природни вредности и реткости.
Еко-свест порачува: Нашата природа не е на распродажба! Повикуваме на укинување на сите инфраструктурни активности со неповратно или штетно влијание врз природата. Истовремено, бараме сериозност и посветеност од страна на институциите во исполнување на нашите и меѓународните закони за заштита на природата и заштита на јавниот интерес на граѓаните.
Со почит,
Центар за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“
За потребите на своите проекти во доменот на енергетиката, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за изработка на национална анкета за јавно мислење и спроведување на фокус групи.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е спроведување на анкета за јавно мислење на репрезентативен примерок и спроведување на 2 фокус групи со цел добивање релевантни податоци за познавањата на јавноста за областа енергетиика и поконкретно гасот како фосилно гориво.
ЗАДАЧИ НА ИЗБРАНАТА КОМПАНИЈА:
Да соработува и да ги следи насоките од назначеното одговорно лице од Еко-свест;
Да изработи методологија за спроведување на анкетата за јавно мислење на репрезентативен примерок и спроведување на фокус групи;
Во консултација со Еко-свест да ги развие прашалниците за анкетата за јавно мислење на репрезентативен примерок и водичот за разговор во фокус групите;
Да спроведе национална репрезентативна анкета за јавно мислење во согласност со одобрениот прашалник;
Да изготви извештај за резултатите од спроведената анкета со наративен извештај, табеларен приказ и графикони;
Да ги спроведе сите подготвителни активности за организирање на фокус групите;
Во соработка со Еко-свест да изготви листа на учесници на фокус групите и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групите и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групите, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за секоја фокус група и истите да ги достави до учесниците;
Да организира и фасилитира најмалку две (2) фокус групи со претставници од различни групи на засегнати страни, и тоа: 1. Граѓански организации и неформални организации/ иницијативи; и 2. Носители на одлуки и политики и регулатори (во секторот енергетика) во земјата;
Доколку има потреба, да организира симултан превод од македонски на албански јазикза следење на фокус групите;
Да изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групите, да се подготват предлог идеи и препораки за делување и унапредување;
Редовно да комуницираат со одговорното лице назначено од страна на Еко-свест.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 2 (два) месеци од датумот на потпишување на договорот, но не подоцна од 30 април 2023 година.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:
Краток опис на компанијата, портфолио со претходно искуство и краток план за спроведување на активностите (не повеќе од 1 страна);
Тековна состојба, не постара од 6 месеци;
Финансиска понуда (Анекс 1).
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во С. Македонија, и постои најмалку 3 години.
Најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок и/или спроведени фокус групи.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Претходно искуство во спроведување на слични активности 70 бодови
Понудена цена за активноста 30 бодови
Вкупно 100 бодови. Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 22 февруари 2023 година 16:00 часот, со назнака Апликација за анкета за јавно мислење и фокус групи.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Анекс
Финансиска Понуда
Активност
Број на единици
Единична цена
ДДВ износ
Вкупен износ (со вклучен ДДВ)
1
Подготвителни активности и спроведување на националната репрезентативна анкета
1
2
Подготвителни активности и спроведување и фасилитирање на минимум 3 фокус групи (со вклучена цена за симултан превод)
Во рамки на своите проекти во доменот на енергетиката, Еко-свест објавува повик за изработка и спроведување на јавна кампања за информирање и подигнување на свеста кај граѓаните.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е информирање и едукација на граѓаните во земјава за следните теми:
Гасот како фосилно гориво и неговото влијание врз животната средина како и економските влијанија од гасификацијата
Енергетска ефикасност и мерките кои можат да ги преземат домаќинствата за намалкување на потрошувачката на енергија.
Енергетска транзиција со забрзување на искористувањето на обновливи енергетски извори.
Во рамки на кампањата ќе се користат студии, анализи и информации произведени од страна на Еко-свест на соодветната тема.
ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба:
Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест. Ресурсите и материјалите за изработка на дигиталниот маркетинг план ќе бидат презентирани на избраниот понудувач по потпишување на договорот за соработка;
Да изработи дигитален маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот. Дигиталниот маркетинг план треба да содржи креирање на постови за Фејсбук, Инстаграм и Твитер во временска рамка од 7 месеци, според број на објави предложени од понудувачот;
Да обезбеди најмалку 5 ТВ и радио гостувања за Нарачателот на соодветните медиуми и програми.
Да овозможи публикување на најмалку 3 авторски текстови (колумни) од страна на Нарачателот во соодветните медиуми и портали.
Да понуди слоган и унифицирани пораки за кампањата кои ќе бидат комуницирани во времетраење од 7 месеци;
Бројот на објави и креативи не треба да биде помал од 20 оригинални содржини, а истите може да се повторуваат по одредено време, во рамки на вкупното времетрање на кампањата;
Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот;
Да изработи 3 извештaи за постигнатите резултати и да ги достави на нарачателот. Првиот прогрес извештај да го достави најдоцна до 1 јуни 2023, вториот прогрес извештај најдоцна до 1 август 2023 година и третиот финален извештај до 15 ноември 2023 година.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Времето на изработка на дигиталниот маркетинг план е 30 (триесет) дена од потпишување на договорот.
Времето на спроведување на кампањата е седум месеци по одобрување на дигиталниот маркетинг план.
Времето на доставување на извештаите за постигнатите резултати се 1 јуни 2023, 1 август 2023 и 15 ноември 2023 година.
Договорот завршува со важност на 25 ноември 2023 година.
Вредноста на договорот не може да надмине 8800 евра во денарска противредност (бруто износ со вклучен ДДВ).
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
При пријавувањето, заинтересираните понудувачи треба да достават:
Краток опис на компанијата;
Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми со посебен осврт на теми од енергетика, животна средина и климатски промени;
Професионални биографии(CV-a) на лица од тимот кој ќе работи на кампањата;
Тековна состојба oд субјектот не постара од 6 месеци;
4. Финансиска понуда по ставки (согласно урнекот во Анекс 1).
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
ИЗБОР НА ПОНУДУВАЧ
Еко-свест ќе формира 3 члена комисија со цел избор на најдобар понудувач.
Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:
Опис и портфолио максимум 30 бодови
Тим на кампањата максимум 30 бодови
Понудена цена за кампањата максимум 40 бодови
КРИТЕРИУМИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ:
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 4 години.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 28 февруари 2023 г., 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка и спроведување на кампања.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Еко-свест ќе го извести само понудувачот чија понуда е избрана и со него ќе склучи договор.
Анекс 1
Финансиска понуда
Ставка
Цена со ДДВ
ДДВ износ
1
Изработка на дигитален маркетинг план во согласност со насоките од нарачателот
2
Изработка на визуелен идентитет на кампањата
3
Спроведување на кампања на дигиталните и традиционалните медиуми во времетраење од седум месеци
До: г. Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија г. Димитар Ковачевски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија
Предмет: Барање за откажување на трите планирани хидроелектрични централи – Жировница 5 и 6 и Рибничка 7, согласно Одлуката од 2022 година на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција
Почитувани г. Пендаровски и г. Ковачевски,
Ние, долупотпишаните невладини организации, Ви се обраќаме во врска со Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција, усвоена во декември 2022 година за отворениот случај „2013/1 – Развој на хидроенергија на територијата на Националниот парк Маврово“.
Потсетуваме дека Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во 2015 година ја усвои Препораката бр. 184 (2015) со која побара од Република Македонија да: „Го суспендира спроведувањето на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти и инфраструктура, на територија на Националниот парк Маврово, сè додека не се подготви Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС), која посебен акцент ќе стави на кумулативните ефекти на сите планирани развојни активности на територија на паркот, земајќи го предвид социјалниот аспект, како и долгорочните ефекти на режими на водата на реките Дрим и Вардар“.
Шест години подоцна, во 2021 година, Постојниот Комитет повторно препорача (Препорака бр. 211) Владата на Северна Македонија да: „Ги суспендира и откаже одобрените концесии и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) и во националните паркови, заштитените подрачја, подрачјата на светско наследство и другите кандидат Емералд подрачја (потенцијални идни Натура 2000 подрачја) бидејќи нивната имплементација ќе предизвика проблеми со усогласеноста со Бернската конвенција и б) ќе влијае на овие подрачја доколку се градат надвор од нивните граници“.
Од усвојувањето на овие препораки, до сега, ништо не е преземено во однос на планираните мали хидроенергетски проекти во рамките на Националниот парк Маврово. Постојниот Комитет во декември 2022 година ја поздрави веста дека Владата неодамна укина седум концесии за мали хидроцентрали во новопрогласениот Национален парк Шар Планина, пример што треба да се следи во Националниот парк Маврово и посочи дека е потребен побрз напредок и тоа особено за:
ОТКАЖУВАЊЕ НА ОСТАНАТИТЕ ТРИ КОНЦЕСИИ ВО НП МАВРОВО (ЖИРОВНИЦА 5 И 6 И МХЕ РИБНИЧКА).
Член 118 од Уставот на Р.С.М. предвидува дека ратификуваните меѓународни договори се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, затоа Бернската Конвенција, како и одлуките и препораките на Постојниот Комитет (нивното спроведување) се законски обврзувачки. Членот 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори специфицира дека Владата и Претседателот на Р. Северна Македонија се одговорни за извршувањето на меѓународните договори, како Бернската Конвенција („За извршување на меѓународните договори на Република Македонија се грижи Владата на Република Македонија и претседателот на Републиката“).
Имајќи ги предвид горенаведените одредби, укажуваме дека Владата и Претседателот на Северна Македонија се обврзани со закон за спроведување на Одлуката на Постојниот Комитет.
Понатаму, посочуваме на Насоките за имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан, каде се наведува: „Западен Балкан е дом на некои од последните недопрени реки на континентот, но нивната заштита останува предизвик“; „Уникатен предизвик за реките во регионот е, исто така, наглото зголемување на капацитетот на хидроенергијата низ регионот за четири пати помеѓу 2015 и 2017 година, што има значителни влијанија врз животната средина и социјалните аспекти, како на земјата така и на пошироко регионално ниво“.
Ја потсетуваме Владата на Северна Македонија на нејзината Програма за работа 2020-2024 година, а во која се предвидува забрана за изградба на нови мали хидроцентрали во заштитени подрачја и национални паркови.
ВРЗ ОСНОВА НА ОВИЕ ОДРЕДБИ БАРАМЕ ОДГОВОРНИТЕ ОРГАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА МХЕЦ ЖИРОВНИЦА 5 И 6 И РИБНИЧКА 7, КАКО ВАЖЕН ЧЕКОР КОН ЗАЧУВАЊЕТО НА ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПАРКИ ВО ЕВРОПА – НП МАВРОВО, КАКО И ИСПОЛНУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОБВРСКА НА ЗЕМЈАТА.
Според последните информации – Министерството за животна средина и просторно планирање има обезбедено средства за изработка на Студијата за ревалоризација на НП Маврово и таа треба да заврши до крајот на оваа година. Имајќи го ова предвид, загрижени сме дека во следните неколку месеци инвеститорите ќе започнат со изградба на некоја од овие хидроцентрали (да се искористи периодот пред да се подготви Студијата) и тоа е една од главните причини поради кои ваквата Одлука треба итно да се донесе.
Со почит,
Environmental Citizens Association Front 21/42 (Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“), North Macedonia;
Center for environmental research and information Eko-svest (Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест), North Macedonia;
EuroNatur, Germany;
CEE Bankwatch Network, Prague, Czech Republic;
RiverWatch – Society for the Protection of Rivers, Austria;
Slovenian Native fish Society (SNFS), Slovenia;
Res Publica, Albania;
Center for Environment (Centar za životnu sredinu), Banja Luka, Bosnia and Herzegovina
Најнови коментари