„ЗАЕДНО ЗА РЕКИТЕ“

„ЗАЕДНО ЗА РЕКИТЕ“

Регионалната иницијатива „Заедно за реките“ е посветена на зачувување на 13 реки во пет земји во Југоисточна Европа каде се уште можат да се најдат некои од последните диви реки на континентот. Иницијативата ги промовира реките како крвотокот на заедниците и екосистемите кои обезбедуваат чиста вода за пиење, ја оддржуваат биолошката разновидност и го овозможуваат животот на локалните заедници. Денес реките се многу загрозени поради загадувањето, уништувањето на живеалиштата, неодржливиот развој и климатските промени. Станува збор за глобален проблем кој има локално решение: од 1970 година, на глобално ниво бројот на популации на слатководни видови е намален за 83%, а изгубени се 30% од слатководни екосистеми.
Иницијатива се заснова на верувањето дека вклучувањето и зајакнувањето на локалните заедници е клучно за ефикасна и трајна заштита на реките како природни богатства. Истакнувајќи го вклучувањето на локалните заедници, организацијата The Nature Conservancy и шест партнерски организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија и Србија работат на воспоставување нови заштитени подрачја покрај реките со цел да ги зачуваат нивните природни, општествени и културни вредности. Преку научно истражување и разбирање на потребите и ставовите на локалните заедници, иницијативата се обидува да обезбеди транспарентно вклучување на сите засегнати страни, вклучувајќи ги и граѓанските организации, научните установи, приватниот сектор, локалните заедници и институциите со цел да се развие сеопфатно и
долгорочно решение за заштита на уникатните природни, социјалните и културните карактеристики на секоја река. Покрај ТNC, членови на иницијативата се и Центарот за животна средина, здружението Динарика и младинскиот клуб Нови Вал од Босна и Херцеговина, еколошкото здружение Рзав од Србија, Еко-тим од Црна Гора и Еко-свест од Македонија.
Преку воспоставување на заштита и добро управување на заштитеното подрачје, ќе биде обезбеден директен придонес во исполнувањето на меѓународните обврски на кои што се обврзаа нашите земји. Меѓу ни Европскиот зелен план, Зелената агенда за Западен Балкан на ЕУ и глобалната рамка за биолошка разновидност Кунмин-Монтреал на ООН од декември 2022 година.
Иницијативата „Заедно за реките“ во Република Северна Македонија ја спроведува Еко- свест со цел да се обезбеди заштита на долниот тек на реката Вардар и нејзините притоки кои се вкрстуваат на територијата на Општина Демир Капија, при што фокусот е ставен на придобивките што реката ги има за животот на локалните заедници.
Во рамките на оваа Иницијатива „Еко-свест “, во соработка со Општина Демир Капија и Министерството за животна средина и просторно планирање, ја започна постапката за репрогласување на Демиркаписката Клисура за заштитено подрачје, со што ќе се обезбеди активна заштита на дел од долното течение на реката Вардар и нејзините чисти и недопрени притоки.

„Повторно оживување на реките во Македонија“

„Повторно оживување на реките во Македонија“

Прва фаза на проектот

Реките и живиот свет во и околу нив не познаваат административни граници, ниту ги разбираат
бариерите кои им ги поставуваме на патот, честопати и без некоја посебна причина. Водотеците
така постепено се сведуваат на базени со вода, а без живот.
Каскадите кои се градат во реките како застарени механизми за заштита од поплави и за
формирање рибници се дел од тие пречки. Тие го оневозможуваат природното движење, го
отежнуваат размножувањето и ги осиромашуваат водните заедници.
Цел
„Повторно оживување на реките во Македонија“ е прв проект поврзан со реставрација на реките
преку отстранување на каскадите во земјата. Тоа ќе даде можност да се воведе отстранувањето на
браните и каскадите како важен механизам за обновување на реките.
Исто така, проектот ќе ги идентификува клучните експерти и засегнати страни за други слични
иницијативи посветени за реставрација на реките“.
Целта е да се развие национално применлива методологија и база на податоци со симулатор за
идентификација на приоритетни бариери за отстранување со користење на сливот на реката
Пчиња како студија на случај.
Проектот ќе се спроведува во партнерство со здружението Геобалканика со поддршка на
Европската програма за отворени реки – организација за доделување грантови посветена на
обновувањето на реките. Времетрањето на овој проект е од 01.12.2022 до 30.11.2023 година.
Активности
Еко-свест ќе ги проценува каскадите и нивните влијанија врз животната средина, влијанија врз
биодиверзитетот, социо-економско значење и правниот статус на сливот на реката Пчиња. Сите
собраните податоци од теренската работа ќе бидат внесени во база на податоци, што ќе
овозможи систематска класификација на влијанието на каскадите и ќе даде насоки за нивно
отстранување. Однапред програмиран симулатор ќе овозможи проценка на должината на речната
поврзаност постигната со отстранување на секоја од каскадите и влијанието врз биодиверзитетот
како резултат на нивното отстранување, што на крајот ќе овозможи приоритизирање на каскадите
што треба да се отстранат за да се постигне најголема можна поврзаност и на најзначајното
позитивно влијание врз екосистемот.
Методологијата, базата на податоци и симулаторот првично користени во случајот со реката
Пчиња понатаму ќе се користат на национално ниво за сите речни сливови во земјата. Базата на
податоци може дополнително да се пополни со податоци од други речни сливови и ќе служи за
идните проекти поврзани со реставрација на реките.

Резултат
На крајот од проектот е изготвена научна студија „Креирање на методологија и идентификација на приротетни каскади на реката Пчиња“ која  ќе ја постави основата за слични
студии поврзани за евалуација на можностите за обновување на реките. Истата ќе се користи и
како научен доказ за важноста на обновувањето на реките за здрави и поврзани екосистеми.

Во рамки на овој проект е изготвена и Правна анализа за статусот на препреки, брани и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња, Еко мапа , социо-економска анализа и ГИС база на податоци, која можете да ја погледнете во следниот линк:

Втора фаза на проектот

Проектот продолжува во соработка со поддршка на Европската програма за отворени реки.

Целта во втората фаза на овој проект е отстранување на две потенцијални бариери на реката Пчиња, кои ги идентификувавме во првата фаза на проектот заедно со тимот на експерти.

За ова цел соработуваме со надлежните институции: Министерство за животна средина и просторно планирање, АД Водостопанство Кумановско-Липковско Поле и Општина Куманово.

Објавени публикации:

Проектот е поддржан од:

„Синото срце на Европа“ (Save the blue heart of Europe)

„Синото срце на Европа“ (Save the blue heart of Europe)

Синото срце на Европа чука на Балканскиот Полуостров. На ниедно друго место на европскиот континент не може да се најде толку голем број недопрени и диви реки, кристално чисти потоци,недопрени алувијални шуми, длабоки клисури, спектакуларни водопади, па дури и карстни подземни реки. Уште повеќе, овие реки и водотеци се едно од најважните жаришта за европскиот биодиверзитет, особено рибите и мекотелите, и претставуваат дом за многу загрозени, но и ендемски видови.
Сепак, ова единствено европско богатство е загрозено. Реките на Балканот, па дури ни највпечатливите и највредните речни делови кои се наоѓаат во националните паркови и заштитените подрачја не се поштедени од изградбата на малите хидроцентрали кои на приватните инвеститори им носат заработка на штета на уништување на природата. Малите хидроцентрали се градат во високите планински предели, во недостапни и недопрени предели, зад очите на јавноста. Уништувањето на природата како резултат на изградбата на малите хидроцентрали е често непозната за јавноста, па дури и за многу експерти од областа нa екологијата.
Кампањата Синото срце на Европа е сеопфатен проект за запирање на развојот на хидроенергијата во медитеранскиот басен и има за цел да ја промени оваа ситуација. Во нашата земја оваа кампања се фокусира на следниве цели: -Подигање на јавната свест за реките, нивните еколошки вредности и нивната ранливост
-Подобрување на знаењето за биодиверзитетот на оние реки кои играат клучна улога во
однос на биолошката поврзаност и ендемските видови
-Стипирање на изградбата на мали хидроцентрали во заштитените подрачја
-Раскинување на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово, како клучен чекор
за успешно спроведување на процесот на репрогласување на паркот и заштита на неговите
вредности.

Отворен повик до компании за печатење и дизајн на експертски анализи

Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на „Повторно оживување на реките во Македонија“ има потреба од печатење и дизајнирање на експертски анализи.
Цел на активноста
Ангажираната компанија ќе биде одговорна за печатење и дизајнирање на експертски анализи за проектот „Повторно оживување на реките во Македонија“, кој е прв проект поврзан со реставрација на реките преку отстранувањето на каскадите во земјата.
Работни задачи и одговорности на компанијатa Печатење на експертски анализи од 60 страни во А4 формат, во 100 примерока, фул колор на 150 гр хартија принт, корица 300 гр хартија. Дизајнирање на електронски анализи од 162 страни.

Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување на понуда е 7 работни дена од објавување на отворениот повик.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Временска рамка за спроведување на активноста
Временската рамка за печатењето и дизајнирањето на експертските анализи е две недели од потпишување на Договорот.
Потребна документација за пријавување
-Краток опис на компанијата
-Биографија од најмалку едно лице со искуство во дизајнирање кое би било ангажирано
за активноста
-Портфолио
-Тековна состојба не постара од 6 месец -Финасиска понуда -Потпишана Изјава (Анекс 1)
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
На повикот може да се пријават компании кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови. Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број на бодови во сооднос на наведените критериуми. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик.
Пријавување
Изразување на интерес и изјава кандидатите треба да ја испратат на email:
[email protected] најдоцна до 24.11.2023 година до 16:00 часот, со назнака Изразување интерес.

Анекс 1. Изјава од понудувач
ИЗЈАВА

Јас, долупотпишаниот ________________ (име и презиме) во дункција на
овластен застапник на ________________(име на компанија) со целосна
морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам
нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно
→ Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор,
правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира
обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности
на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на
постапка во врска со овие прашања илине се во каква било аналогна ситуација
што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и
регулативи;
→ Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на
непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
→ Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или
недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно
обвинето;
→ Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со
правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко
недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и
прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во
рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно
однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога
таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност,
вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно
прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за
исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на
договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука,
или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на
набавка;
→ Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално
осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на
земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата
каде треба да се спроведе договорот;
→ Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама,
корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска
активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.

На ден __година Име и презиме на застапникот

Потпис и печат

Гасен интерконектор: Наместо обновливи извори ќе добиеме нов фосилен господар

Гасен интерконектор: Наместо обновливи извори ќе добиеме нов фосилен господар

Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави
обновливата енергија

Со форсирањето на гасниот интерконектор со Грција, Македонија може да се заглави уште повеќе од 3 децении во нова зависност од фосилни горива и да ги потроши парите кои може да се вложат во обновливи извори на енергија.

Со напуштањето на јагленот и нафтата се ризикува да се поврземе за гасот во време кога многу земји од ЕУ забрануваат инсталирање на нови приклучоци поради влијанието врз животната средина и кога се проценува дека цената на овој енергенс само ќе се зголемува поради ризиците во испораката и новите правила на наплата за емисиите на јаглерод диоксид на Европската Унија.

Интерконекторот кој треба да носи гас од Грција ќе ја насочи државата кон комплицирана изградба на гасна мрежа во сите општини што ќе трае долго и според различни сценарија може да чини меѓу 240 и 745 милиони евра. Овие пари може поефикасно да се насочат кон развој на обновливи извори на енергија и забрзување на
продирањето на постоечки ефикасни системи за готвење, загревање на вода и на домаќинствата кои користат комбинации од соларни панели и топлински пумпи.


Дополнително, истражувањето на јавното мислење и фокус групите кои ги спроведе Еко-свест, укажуваат дека повеќе од две третини од испитаниците би се приклучиле на гасна мрежа доколку цената на приклучок изнесува до 300 евра. Меѓутоа, проценката на Еко-свест е дека цената на приклучок нема да биде под 700 евра. Оваа цена пак е прифатлива за само 4% од испитаниците.

Проценката е и дека воведувањето на гасот за домаќинствата ќе придонесе за сериозно изместување на пазарот на уреди за готвење, загревање на водата и на грејни тела со оглед на тоа што гасните уреди досега беа многу малку застапени на тој пазар, а со гасификацијата ќе се јави огромна потреба од нив. Тоа дополнително ќе го забави преминот кон обновлива енергија кај домаќинствата.


Дополнително, за проектот за гасниот цевковод од Грција не беше овозможена отворена консултација со сите засегнати страни во врска со неговото влијание врз животната средина. Интерконекторот од необјаснети причини е поделен на три различни проекти во Грција и Македонија што го прави уште покомплициран за изведба.


Гасот како фосилно гориво, енормно ги зголемува емисиите на стакленички гасови, пред сѐ на јаглеродните оксиди. Едно од главните прашања кое се поставува е дали емисиите на стакленички гасови од гасниот интерконектор се во согласност со обврската на земјата да ги намали емисиите на стакленичките гасови до 2030 година, согласно Парискиот договор.