by Stojan | Aug 13, 2024 | Блог, Природа
Преку почитувањето и имплементацијата на Директивите за птици и живеалишта на територијата на цела Европа популацијата на волците (Canis lupus) расте, но е далеку од посакуваното ниво на „поволен статус“ на заштита. Согласно Црвената листа на загрозени видови на IUCN статусот на волците е карактеризиран како стабилен. Сепак, од 9-те прекугранични популации на волци во Европа, 6 се во категорија “ранлив” или “близу засегнат”.
Секоја година се убиваат стотици волци низ Европа под изговорот дека се опасни за луѓето и стоката, користејќи го исклучокот од постоечките Директиви. Преку ширење на дезинформации дека се опасни и дека нивното убивање е единствено решение, создаваат погрешна слика кај населението и со тоа ја отежнуваат примената на постоечките алатки достапни за заштита на стоката, како: целосен надомест на претрпената штета, обука на овчари и овчарски кучиња, инсталирање на електрични огради и слично.
Во 2023 година на ниво на ЕУ се покрена еден вид кампања од највисокото раководство на Европската комисија, охрабрувајќи ги властите на членките, да го користат токму истребувањето како мерка (Wolves in Europe (europa.eu)). Фронт од над 150 невладини организации директно инволвирани во сферата на заштита на животната средина и животните, настапи со Отворено писмо до претседателката на Комисијата на ЕУ (Open letter to Commission President von der Leyen on protection of wolves) во кое точно е наведено која е ситуацијата со волците на теренот, дека податоците изнесени во јавноста не се базирани на наука, и детално наведе кои чекори треба да се преземат.
Според Црвената листа, волкот кај нас е со статус “близу засегнат”. Сепак, за утврдување на точната бројка, како и нивната понатамошна заштита и мониторирање, потребно е да се изготви, усвои и имплементира солиден план за управување заснован на структуриран мониторинг. Поради непостоењето на таков план за крупни месојади, проценката е паушална и не е базирана на наука.
На меѓународниот ден на волкот, 13.08.2024 година, Еко-свест ја потенцира важноста што е можно поскоро да се актуелизира прашањето на заштитата на волкот и да се изработи план за управување со овој вид, како и да се започне со сериозен мониторинг и прибирање на податоци.
За состојбата со волкот во Македонија, но и пошироко, погледнете на следните линкови:
Волк – National Red List (moepp.gov.mk)
Canis lupus (Grey Wolf) (iucnredlist.org)
by Darko Kitanoski | Aug 6, 2024 | Еко-свест Вевчани, Објави, Повици, Природа
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, објавува повик за ангажирање на консултант/и за развој и брендирање на производи од природата.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Целта на оваа активност е промовирање на Споменикот на Природата “Вевчански Извори”, брендинг и промовирање на производи кои потекнуваат од шумските плодови кои можат да се најдат во рамките на Заштитеното подрачје, да се создаде препознатливост на производите и да се обезбеди одржливост на производите.
ЗАДАЧИ
Избраниот кандидат треба:
- Да соработува со тимот на Еко-свест во Вевчани.
- Да соработува со креаторот на нови продукти од природата кои ќе бидат цел на брендингот и маркетингот.
- Да креира име и лого на најмалку 2 производи.
- Да креира визуелен идентитет за производите и да даде насоки за пакувањето на истите.
- Да креира приказна за производите базирана на историја, традиција и вредности.
- Да изработи насоки за маркетинг на најмалку 2 производи.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Крајниот рок за реализација на оваа услуга е 31.12.2024 година
Вкупната вредност на договорот не смее да надмине вредност од 1000 евра во денарска противвредност, со вклучен персонален данок, доколку понудувачот е индивидуално лице. Износот не вклучува ДДВ.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- Кратка биографија (CV).
- Портфолио од најмалку три искуства поврзани со брендинг и маркетинг на прозиводи од природно потекло.
- Финансиска понуда.
- Пополнета Потврда за посветеност и Декларација за судир на интереси за индивидуални и физички лица (Анекс 1) или Изјава од понудувач (Анекс 2) за правни лица.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Понуди треба да бидат доставени најдоцна до 27.08 2024 година, до 16:00 часот, на е-маил [email protected] со назнака Апликација за брендирање и маркетинг на производи од природата.
Повеќе информации можете да добиете на телефон +38978449209 или на е-маил [email protected] најдоцна до 20.08.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Кратка биографија и референтни проекти – 60 бодови
- Финансиска понда – 40 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 15.09.2024.
Најнови коментари