Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за вработување на Правник за животна средина
За Еко-свест
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:
– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;
– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;
– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;
– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;
– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;
– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;
– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;
– Спроведување на посебни активности во областите на:
заштита на климата
заштита на природата
заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
одржлив развој на локалните заедници
одржлив транспорт
одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
Во согласност со стратешките приоритети, Еко-свест има потреба од ангажирање на Правник за кој ќе работи заедно со програмските тимови на правни прашања поврзани со теми од областите на делување на организацијата.
Ангажираниот Правник за животна средина ќе ги има следните работни задачи:
Обезбедување на правни информации, правна поддршка и правни совети на прашања кои произлегуваат од областите на делување на Еко-свест: клима, енергетика, природа, води, активно граѓанство;
Следење на националната законска рамка и работата на институциите од областа на животната средина и други релевантни сектори во корелација со животната средина (енергетика, земјоделие, шумарство, транспорт, здравство), поврзување со меѓународни обврски и институции (по потреба и во координација со тимот на Еко-свест);
Документирање на случаи за прекршување на законите и обврските од областа на животната средина, анализа на податоците и подготовка на извештаи или коментари;
Креирање на предлиози за законски измени и дополнувања и други правни акти, вклучувајќи следење на процесите на донесување, подготовка на коментари и препораки за подобрување на закони, подготовка на барања, предлози до институции за нивно прифаќање во сите фази на донесување на правните акти;
Идентификување на правни проблеми при спроведувањето и планирањето на политики од областа на животната средина;
Спроведување на истражувања и подготовка на компаративни анализи на теми поврзани со унапредување на политиките и практиките од областа на животната средина;
Поддршка на персоналот на Еко-свест во подготовката на извештаи;
Координирање на активности кои имаат правна природа и се важни за целите на Еко-свест со партнерските организации и институции;
Комуникација на целите, резултатите на Еко-свест пред медиумите и јавноста;
Поддршка при спроведување на правната помош за граѓани и евидентирање на пријавите, како и нивно проследување до релевантните страни;
Работа со млади и волонтери за стимулирање на активно граѓанство и правото на чиста и здрава животна средина; и
Други задачи во врска со работата на Еко-свест поврзани со правни прашања од областа на животната средина.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:
Високо образование од областа на правните науки;
Добро разбирање на основните аспекти, проблеми и правни прашања од областа на животната средина;
Најмалку една до три години работно искуство во здружение на граѓани или пружање на правни услуги во здруженија, други организации/или институции;
Познавање на MS Office и интернет алатки за објавување на информации (WordPress, социјални медиуми);
Добри комуникациски и организациски вештини;
Искуство во подготовка на анализи, истражувања, студии;
Одлично познавање и користење на устен и пишан англиски јазик е задолжително;
Развиени истражувачки и аналитички способности;
Услови кои се сметаат за предност:
Завршени постдипломски студии, особено на теми поврзани со прашања од областа на животната средина;
Познавање на националната и меѓународната правна рамка за заштита на водите, природата, видовите и нивните живеалишта, климатските промени, енергетиката, стандарди за оцена на влијанијата врз животната средина, учество на јавноста во донесување на одлуки и сл.;
Познавање на раководење со проектен циклус;
Искуство со работа со млади;
Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам;
Желба за континуирано учење и надоградување.
Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:
отворена комуникација (усна и писмена) и презентација;
брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
тимска работа во мултикултурно опкружување;
извршување повеќе задачи истовремено;
уредност и организираност.
Работни услови:
Неделното работно време е 40 часа (од 8 до 16 или 9 до 17 часот). Локација на вршење на работните обврски е во Скопје. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата, согласно политиката за личен доход на Еко-свест е помеѓу 40 000 и 80 000 денари нето и се утврдува согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.
Начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:
Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
Професионална биографија;
Професионална препорака/референца е пожелна.
Пријавувањето се врши на електронската адреса: ana@ekosvest.com.mk, а пријавата мора да се наслови со: Пријава за Правник.
Пријавувањето е отворено од 10.03.2025 до 20.03.2025.
Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач.
Помеѓу 4 и 8 март делегација од градоначалници и претставници на 8 општини од Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање учествуваа на студиска посета во Шведска посветена на климатска акција. Градоначалниците и претставниците од општина Битола, Струмица, Делчево, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Лозово и Пласница, како и претставникот од одделението за соработка со локалната самоуправа при Министерството за животна средина и просторно планирање ги посетија Малме и Лунд со цел да се запознаат со практичните мерки за заштита на животната средина, урбаното планирање и развој и соработката со академската заедница и граѓаните за создавање на одржливи и отпорни градови.
Учесниците имаа средби со претставници на општините Малме и Лунд, како и со универзитетите во Малме и Лунд и имаа можност да посетат локации каде климатската акција и одржливото урбано планирање се практично применети и видливи.
Студиската посета, во организација на Еко-свест и поддршка од Шведска, овозможи нови знаења за учесниците и ја потврди потребата од заедничка соработка и размена на податоци и научени лекции. Беше евидентно дека иновацијата има движечка улога во напорите за одржливо живеење.
Учесниците ја оценија посетата како корисна бидејќи им овозможи да ги прошират своите видици и да размислат како одредени практики од Шведска може да се применат и кај нас, особено во делот на учеството на јавноста во заедничкото урбано планирање, улогата на академијата и експертите во прибирањето податоци кои ќе се применат во планирањето, како и меѓусебната соработка и размена на позитивни практики.
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „ПЕЛАГОНИЈА БЕЗ ЈАГЛЕН“ има потреба да ангажира соработници за организирање на Младинско граѓанско собрание во Битолскиот Регион, со цел поддршка за праведната енергетска транзиција и иницијација на локална и национална дебата за иднината на регионот без употреба на јагленот.
Цел на активноста
Целта на активноста е ангажираната страна да спроведе активности за организирање на Младинското граѓанско собрание во Битола, со цел информирање и едукација на младите за праведната енергетска транзиција. Собранието ќе има за цел да ги дефинира приоритетите на младите за праведната транзиција и, во соработка со Универзитетот во Битола, да се изработи нацрт-концепт за првиот територијален план за праведна транзиција за Пелагонискиот Регион. Концептот ќе биде презентиран на засегнатите страни од општините во Пелагонискиот Регион и на донесувачите на одлуки на централно ниво.
Активностите кои ќе бидат предмет на продукција и реализација треба да бидат копродукција помеѓу Еко-свест и ангажираната страна.
Еко-свест нема да разгледува понуди и предлози во кои активностите не се фокусирани на организирање и спроведување на Младинското граѓанско собрание, или не вклучуваат младинско учество во процесот на информирање и едукација за праведната енергетска транзиција. Понудите треба да бидат насочени кон зголемување на свесноста за негативните ефекти на фосилните горива и промоција на одржливи, обновливи извори на енергија, како и активно вклучување на младите во процесот на креирање на решенија за одржлив развој и праведна транзиција во регионот.
Работни задачи и одговорности на понудувачот
Да организира Младинското граѓанско собрание во Битола, вклучувајќи избор на учесниците (минимум 50 млади луѓе од Пелагонискиот Регион) и обезбедување на сите логистички потреби.
Да обезбеди место за одржување на собранието, како и сите потребни ресурси и материјали за успешно спроведување на активностите.
Да спроведе едукативна работилница, дискусии и интерактивни активности кои ќе се фокусираат на праведната енергетска транзиција и улогата на младите во овој процес.
Да осигура дека сите активности ќе бидат водени од експерти во областа на енергија и одржлив развој.
По завршувањето на собранието, понудувачот ќе биде одговорен за собирање на сите препораки и ставови од учесниците и за изработка на нацрт-концепт за првиот територијален план за праведна транзиција за Пелагонискиот Регион.
Нацрт-концептот треба да ги вклучува конкретните решенија за праведната транзиција, како и предлози за имплементација на истите.
Презентација на нацрт-концептот пред локалните власти, донесувачите на одлуки на централно ниво и други засегнати страни во регионот.
Обезбедување соодветна документација на сите чекори во продукцијата на осмислените активности и предложување соодветен модел за споделување на правата за понатамошна дистрибуција и/или изведба на активностите по некомерцијални и комерцијални услови по завршување на проектот.
Детален преглед со опис на работната задача се наоѓа во Анекс 1 од Повикот.
Временска рамка за доставување на понуда
Краен рок за пријавување е вторник, 13 март 2025 година, до 12:00 часот на електронската адреса: [email protected] , со назнака: Пријава за активности кои вклучуваат младинско учество. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Критериуми за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
– Техничка понуда (70 поени)
– Финансиска понуда (30 поени)
Потребна документација за пријавување
Технички дел на понудата:
Предлог активности кои ќе се спроведуваат заедно со краток опис, вклучувајќи го бројот на учесници (млади луѓе од Пелагонискиот Регион) и начинот на нивно вклучување..
Податоци за тимот кој ќе работи на организацијата и спроведувањето на активностите.
Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
Податоци за контакт на лицето одговорно за пријавата и комуникацијата со Еко-свест.
Финансиски дел на понудата:
Финансиска понуда.
Тековна состојба на правниот субјект кој е носител на понудата, не постара од 6 (шест) месеци.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023 или 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Временска рамка за спроведување на активноста
Периодот на имплементација е помеѓу 17 март и 31 јули 2025 година.
Буџет
Максималниот буџет достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 3.000,00 ЕУР (во денарска противвредност според курсот од конверзијата на средствата од примената транша од донаторот) со вклучен ДДВ износ.
Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.
Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест
Најнови коментари