Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“ од Хана Корнети и илустрации на Марија Трајаноска, издание на „Чудна шума“ во соработка со Еко-свест. 🏞️🐟

📍Промоцијата ќе се одржи на 5 април, недела, во 12 часот, во КСП Центар – Јадро.

Кога Лука копнее да го види светот, скриен зад далечниот хоризонт низ кој тече реката, снешкото Магелан решава храбро да скокне во изворот и да отплови наместо него.

Пловејќи низводно, Магелан ги открива волшебните убавини на природата и нејзините фантастични жители. Но она што почнува како весела авантура, набрзо се претвора во откритие на длабоките лузни што човекот ги оставил со својата негрижа.

„Каде оди реката?“ е лирска екоприказна за пријателството, одговорноста и надежта. Таа нè учи дека секој наш свесен избор е чекор на патот кон зачувување на хармонијата меѓу човекот и природата.

📗Сликовницата е издадена во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Скопје. Содржините во изданието се инспирирани од нивната работа во областа на заштитата на реките и се темелат на резултатите од истражувањата за притисоците врз реките и речните екосистеми.

Поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust).

Два дена исполнети со знаење и истражување на Јабланица!

Два дена исполнети со знаење и истражување на Јабланица!

Викендов во Вевчани ни гостуваа волонтерите од Еко волонтерскиот клуб на Еко-свест од Скопје, со кои поминавме два интензивни дена на терен.

Што сè научивме и искусивме?
🏔 Планинска подготовка: Како правилно да се опремиме и безбедно да се движиме низ планинските предели.
🌳🏞Богатството на Јабланица: Разговаравме за клучното значење на шумските и речните екосистеми на планината Јабланица и зошто нивната заштита е приоритет.
🐾Мониторинг на месојади: Научивме како се следат крупните месојади и која е нивната улога во одржувањето на природната рамнотежа.
🌿Природата во фокус: Видовме како изгледа практичната заштита на терен и на што сè работи Еко-свест во Вевчани.
Трајна поставка: Ја посетивме поставката за природа, каде што го заокруживме знаењето за биодиверзитетот на овој крај.
Заедно учиме како подобро да го чуваме она што е највредно.
Погледнете ја галеријата на следниот линк.