За какви проблеми и предизвици Еко-свест може да пружи поддршка?

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

За таа цел Еко-свест овозможува пријавување на еколошки проблеми преку алатката за барање ПРАВНА ПОДДРШКА и пријавување преку ЗЕЛЕН ТЕЛЕФОН.

Преку овие алатки оовозможуваме:

  • Помош во доставување пријава или барање до надлежните за решавање на проблемот;
  • Советување во врска со еколошкиот проблем.

Поддршката на Еко-свест за унапредување на животната средина е предвидена во следните области:

  • Енергија – проблеми при развој и реализација на енергетски проекти (рудници, електроцентрали, цевководи и сл)
  • Води – проблеми со загадување на реки и други водни тела, нарушување на водните екосистеми, проблеми со вода за пиење
  • Природа – проблеми со уништување на див животински и растителен свет, пожари во природата, бесправни објекти во заштитени подрачја, инфраструктура во природата
  • Воздух – проблеми со загадување на воздухот, испуштање на штетни гасови во атмосферата
  • Отпад – диви депонии, палење на отпад на отворено, контаминиран отпад, недоодветно постапување со токсичен отпад и сл.
  • Урбано живеење – проблеми со бучава, мачење или усмртување на животни, несоодветно урбанистичко планирање, повреда на регулатива за градба, непочитување на закон за урбано зеленило, узурпирање на јавниот простор и сл.
  • Активно граѓанство – проблеми со пристап до информации од област на животната средина, ограниченост на учество на јавни расправи, одбивање на увид во документација од област на животна средина и сл.

Еко-свест во рамки на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ подготви серија видеа кои нудат конкретни и практични информации за различни прашања поврзани со правната регулатива и можностите кои им стојат на организациите и граѓаните на располагање за остварување на нивните права, пристап до информации и правда и учество на јавноста. Видеата треба да им послужат на засегнатите граѓани како објаснување и олеснување низ процесот на постапување со надлежните институции при остварување на нивните права. Линк до видеата


Како да побарам поддршка од Еко-свест?

Сите граѓани можат да поднесат барање за ПРАВНА ПОДДРШКА до Еко-свест со пополнување на формуларот подолу.

Паралелно, сите граѓани можат да остварат комуникација со нас на нашиот бесплатен сервис – ЗЕЛЕН ТЕЛЕФОН (071 600 333) и да пријават проблем од областа на животна средина и природата.

Тимот на Еко-свест ќе Ве контактира за сите дополнителни информации, докази, слики и видеа. Ве молиме погрижете се дека Вашите контакт податоци во формуларот се точни.

Непотполните пријави без основните податоци нема да бидат разгледувани.


За кои проблеми не нудиме правна поддршка?

Eко-свест е граѓанска организација која делува во развој и унапредување на животната средина како заедничко добро. Оттука, Еко-свест како граѓанско здружение не нуди правни услуги, ниту се залага за остварување на правата на граѓаните во нивни приватни спорови. Имено, алатката Правна поддршка и Зелен телефон не ги вклучува следните области:

  • Кривични, граѓански и управни спорови и пресуди
  • Семејно-правни прашања (семејно насилство, развод, старателство над деца и тестаменти)
  • Одбивање на владини бенефиции, како што се инвалидност, невработеност или социјални придобивки
  • Прашања за вработување, како што се дискриминација, исплата на плати или незаконско отпуштање
  • Домување, вклучувајќи иселување и проблеми со погодноста за живеење
  • Имотно-правни или даночни прашања. На пример, ние не би размислувале за преземање на случај кој вклучува развој кој го попречува погледот на сопственикот на приватна сопственост. Можеме, сепак, да размислиме за преземање на случај кој вклучува проект за индустриски развој кој ќе го зголеми загадувањето на воздухот и ќе влијае на здравјето на заедницата во целина.

Согласно на тоа, пред известување на Еко-свест за проблемот, бидете сигурни дека Вашето барање не спаѓа во ниедна од областите кои не се во домен на дејствување на Еко-свест. По приемот на барањето, Еко-свест го задржува правото да одлучи за кој пријавен проблем ќе оствари контакт со засегнатите граѓани.


 

Apply Online

ПодносителГенералии на лицето кое поднесува
0/15
Име на подносител
0/15
Презиме на подносител
0/13
Телефонски број за контакт
0/25
Адреса на подносителот
Категорија на проблем
0/100
Внесете ја локацијата на проблемот
0/500
Опис на проблемот
Изберете еден или повеќе извори.
Дали се согласувате со политиката на приватност?

Полињата со (*) се задолжителни.