ОТВОРЕН ПОВИК ЗA АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗA АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗA АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ за анализа на интегрирани дозволи

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба за ангажирање на експерт коj би спровел:

  1. Анализа на интегирани дозволи за сречување и контрола на загадување.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е добивање на резултати од анализа на интегрирани дозоли на одредени индустриски капацитети со чија помош ќе се изготви студија на случај во која ќе се истакнат проблемите и решенијата, кои понатаму ќе дадат препораки во процесот на ревизија на IPPC дозволите. Дополнително, оваа правна поддршка ќе ни донесе аргументи за донесување на измени насочени кон регулативите и прагови на загадување за еколошките дозволи.
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ
Експеротот треба:

  1. Да направи анализа на 2 интегрирани еколошки дозволи на индустриски капацити.
  2. Да изготви документ со коментари за ревизија на интегрираните дозволи за спречување и контрола на загадување.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Експертот ќе има период на реализација на активноста од 40 дена од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине бруто износ од 1240,00 евра во денарска противредност.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биограгфија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза релевантно на повикот
  2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област и завршено високо образование по соодветната дејност (правен факултет, завршени студии по животна средина со акцент на правна рамка, технолошко металуршки факултет со акцент на правна рамка, или друго образование соодветно на повикот)
  2. Најмалку 2 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област
  3. Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 70 бодови
  • Понудена цена за активноста 30 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоила најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, кандидатите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 10 ноември 2020 г., со назнака Апликација за експерт за интегрирани дозволи
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]

ОТВОРЕН ПОВИК ЗA АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ За изработка на анализа на влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија и проектот „Проверка на одржливотста на малите хидроелектрани во Македонија“ финансиски поддржан од Финдацијата Патагониа има потреба за ангажирање на експерт коj би спровел:

  1. Анализа и изготвување на извештај за влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста e спроведување анализа и добивање резултати кои ќе послужат за информирање на релевантните институции, Инспекторатот како и сите засегнати страни за влијанието на малите хидроенергетски објекти врз реките и пределите. Како понатамошна цел е промени на постоечката регулатива, но и носење нови законски регулативи и построги стандарди за хидроенергетските проекти.
Истражувањето ќе биде направено на сите локации каде се изградени мали хидроенергетски проекти (каде истражувањето е возможно од технички аспект).

ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ
Експертот треба:

  1. Да подготви методологија и план за работа користејќи го ГИС метода.
  2. Да ја спроведе анализата на сите локации на територијата на земјата каде се изградени мали идро проекти (и каде тоа е возможно од технилки аспект).
  3. Да ги опфати и опише влијанијата врз геоморфологијата и шумите во пределите кои се предмет на истражувањето, вклучително да даде опис на загубите (квантификација и квалификација).
  4. Да изработи карти за висуелен приказ на влијанијата.
  5. Да подготви еден сумарен извештаи преку кои ќе ги презентира главните наоди од стражувањето за секоја локација.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Експертот ќе има период на реализација на активноста од 1 (еден) месец од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине 2500,00 Евра (бруто).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите може да се пријават сами или во тим и треба да достават:

  1. Биографија/ии (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
  2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)
  3. Предложена методологија за изработка на истражувањето и извештајот.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Завршено високо образование (или повисоко) од област со релевантност на проблематиката на овој повик.
  2. Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа
  3. Најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 30 бодови
  • Предложена цена за ангажманот 40 бодови (пониските износи добиваат повисок број на бодови)
  • Предложена методологија- 30 бодови.
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 10 ноемврии 2020 г., со назнака Апликација за ангажирање на експерт

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 072726104.

Популациите на дивите видови намалени за две третини од 1970 година

Популациите на дивите видови намалени за две третини од 1970 година

• Причините вклучуваат уништување на животната средина, како што се уништување на шумите, неодржливо земјоделство и нелегална трговија со диви животни, придонесувајќи за појава на вируси како што е КОВИД-19

• Биодиверзитетот на слатководната вода исчезнува многу побрзо отколку во океаните или шумите – 84% е просечната стапка на опаѓање на популациите на слатководните видови од 1970 година

• WWF повикува на итни мерки за унапредување на трендот до 2030 година со запирање на уништувањето на природните живеалишта и реформа на нашиот систем на храна

СКОПЈЕ – Светската популација* на цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби е намалена во просек за две третини за помалку од половина век, открива Светскиот извештај за зачувување на природата 2020 објавен денес од WWF. Ова во голема мера е резултат на уништување на животната средина што придонесува кон појава на зоонотски болести како што е пандемијата КОВИД-19.


Извештајот за состојбата со планетата е сеопфатна студија за состојбата на нашата природа преку индексот на живата планета (Living Planet Index- LPI), кој ја следи состојбата на популациите на диви видови. LPI, обезбеден од Лондонското зоолошко друштво, покажува дека истите фактори, за кои се верува дека ја зголемуваат можноста за појава на пандемија, стојат зад намалувањето на 68% од популацијата на ‘рбетници помеѓу 1970 и 2016 година. Иако овие двигатели вклучуваат пренамена на земјиште и трговија со диви животни, главната причина за драматичното опаѓање на популациите е загубата и деградацијата на живеалиштата, вклучително и уништувањето на шумите, што се должи на моделот на производство на храна.


„Извештајот „Состојба на планетата 2020“ посочува дека забрзаното уништување на природата, како резултат на човечките активности, има катастрофални влијанија не само врз популациите на дивиот свет, туку и врз здравјето на луѓето и сите други аспекти од нашите животи“, истакнува Марко Ламбертини, извршен директор на WWF International.

„Не можеме да ги игнорираме доказите пред нас затоа што сериозниот пад на популациите на дивиот свет е знак за предупредување што укажува на дефект на системот.“

Најзагрозен биодиверзитетот на слатководни екосистеми

Слатководниот биодиверзитет исчезнува побрзо отколку во кој било друг екосистем. Од 1900 година, повеќе од 70% од светските мочуришта исчезнале, а од 1970 година, популациите на слатководни видови се намалиле за 84%, повеќе од оние што живеат во шуми или океани. Реките во светот се пренатрупани со постоечка и планирана инфраструктура, потрошувачката на вода од година во година расте, риболовните подрачја на слатководни вода се прекумерно искористени, а животот на милиони луѓе станува сè понесигурен. Слично е и во нашиот регион.


„Нашата земја изобилува со неверојатна природа, прекрасни реки и богат биодиверзитет. Но, ние за жал не знаеме и не успеваме да ги зачуваме овие вредни богатства. Постојано сме сведоци на катастрофално испуштање на штетни материи во водните текови, без изрекување соодветни казни за сторителите. Исто така, и понатаму продолжува изградбата на малите хидроелектрани на нашите реки, кои не само што ја уништуваат природата, туку и го оставаат локалното население без вода за пиење. Прогласувањето на Шар Планина за национален парк е во заложништво на бизнисот за произвоство на електрична енергија субвенциониран од државата. Ваквата пракса на премолчено поттикнување на неодржлив развој мора да престане ако сакаме да го зачуваме нашиот највреден ресурс- водата“,
истакна Ана Чоловиќ Лешоска, координатор за политики во WWF Adria и извршна директорка во Еко-свест.

Со заштита на биодиверзитетот на слатководната вода, ние придонесуваме на различни начини за подобрување на здравјето на луѓето, од намалување на можноста за нови болести до зголемување на достапноста на водата и храната. Сегашната состојба укажува на тоа дека ние мора да дејствуваме веднаш. Со цел да се запре губењето на биодиверзитетот на слатководните води, треба да се спроведе амбициозен план за интервенција. Тоа вклучува овозможување на природниот тек на реките, намалување на загадувањето, заштита на мочуриштата, запирање на прекумерниот риболов и неодржливото таложење на седиментите, контролирање на инвазивни видови и заштита и
обновување на врските што ги имаат живеалиштата на слатководните води со околните екосистеми.

Производството и потрошувачката на храна се клучни двигатели на загубата на
биодиверзитетот


Сличен план е неопходен за целиот биодиверзитет во светот. Стабилизирање и запирање на загубата на природата ќе биде можно само ако работиме храбро и амбициозно за зачувување на природата и ако го смениме начинот на производство и консумирање храна.

Потребните промени вклучуваат поефикасно и еколошки одржливо производство и трговија со храна, намалување на отпадот и избор на поздрав и еколошки начин на исхрана.


Падот на глобалниот биодиверзитет придонесува за зголемување на глобалните нееднаквости, продлабочување на поделбите помеѓу глобалниот север и југ. Исто така, ја зголемува ранливоста на малите заедници кои ќе бидат најмногу погодени од губење на природата. Затоа, сите планови за запирање на загубата на природата треба да вклучуваат решавање на основните социјални и економски проблеми кои само се продлабочуваат со губење на биодиверзитетот.


Ние мора да се фокусираме на фер и одржлива економија и производство на храна, фер плати, намалување на отпадот, еднаков пристап до природните ресурси и интегриран пристап кон обновување и зачувување на природата. Заедничката имплементација на овие мерки ќе ни овозможи побрзо да ги ублажиме притисоците врз живеалиштата на дивиот свет. И обратно, ако продолжиме како досега, стапката на загуба на биодиверзитетот ќе продолжи да расте.


Светските лидери мора да дејствуваат веднаш


Извештајот за состојбата на планетата во 2020 година беше објавен само неколку дена пред 75-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации (UNGA), кога се очекува светските лидери да го разгледаат постигнатиот напредок во остварувањето на целите за одржлив развој, Парискиот договор и Конвенцијата за биолошка разновидност.
UNGA 2020 ќе ги обедини светските лидери, корпорациите и граѓанското општество да развијат рамка за акција по 2020 година, означувајќи пресвртница во поставувањето на темелите за итно потребниот нов договор за природата и луѓето.

Ламбертини заклучува: „Ако сакаме да се надеваме дека обновата на природата ќе им даде на денешните и идните генерации еднаква шанса, светските лидери мораат, покрај зачувувањето на природата, да го направат нашиот систем за производство на храна поодржлив на начин што вклучува запирање на уништувањето на шумите. Со оглед на претстојното Генерално собрание на ООН, новиот извештај на WWF може да помогне да се обезбеди потребниот нов договор за природата и луѓето како основа за долгорочно преживување на дивиот свет, растенијата и инсектите и целата природа, вклучувајќи го и човештвото “.


КРАЈ

Белешка за уредници:

  • Извештајот за состојбата на планетата 2020 и неговото резиме, слики и видеа може да се преземе тука. На овој линк, исто така, ќе најдете подетални извештаи за слатководните води Freshwater LPI findings, извештај за ефектите од климатските промени врз видовите Biodiversity In A Warming World, како и бројни фотографии и видеа.
  • *Користени податоци од 4.392 видови и 20.811 популации, Глобалниот индекс на живата планета за 2020 година покажува просечен пад од 68 проценти кај набљудуваните популации. Промената на процентот во индексот ја одразува просечната пропорционална промена во големината на животинската популација следена над 46 години, а не бројот на изгубени индивидуални животни.
  • Извештај за состојбата на планетата 2020 Тринаесетто издание на водечкото двогодишно издание на WWF
  • Посетете ја страницата на WWF Adria https://livingplanet.panda.org

За повеќе информации
Ана Чоловиќ Лешоска, [email protected], 072 726 104

За WWF:


WWF е една од најголемите, глобално признати, независни организации вклучени во заштитата на природата и има активна глобална мрежа во повеќе од 100 земји. Мисијата на WWF е да се запре уништувањето на животната средина и да се создаде иднина во која луѓето живеат во склад со природата со зачувување на биодиверзитетот во светот, одржливо користење на природните ресурси и намалување на загадувањето и прекумерната потрошувачка. Повеќе информации на: www.wwfadria.org


За Лондонското зоолошко друштво- Zoological Society of London


Зоолошкото друштво од Лондон е меѓународно научно здружение чија главна улога е да ги заштитува животните и нивните живеалишта. Од истражување на закани по здравјето на животните до помагање на луѓето и животинскиот свет да живеат во хармонија, ЛЗД е посветено на враќање на дивиот свет од работ на истребување. Водечката зоолошка градина во Лондон и зоолошката градина Whipesnade спроведуваат научни истражувања на Институтот за зоологија и активно учествуваат во заштитата на животната средина во повеќе од 50 земји во светот. www.zsl.org

Повик за спроведување на фокус група

Повик за спроведување на фокус група

Во рамки на проектот „Застапување за  намалување на емисиите преку поттикнување притисок од јавноста на локално ниво”, спроведуван од Еко-свест, објавуваме повик за спроведување на фокус група и генерирање на заклучоци од спроведената фокус група.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на оваа активност е поттикнување на компаниите од секторот за информациски технологии (ИТ), особено оние кои имаат седишта или делуваат во околината на Битола, да дискутираат за иновативни и ниско-буџетни пристапи кон мониторингот на квалитетот на воздухот со цел да се соберат што е можно повеќе податоци и да се поттикне граѓанскиот активизам на полето на намалувањето на загадувањето на воздухот. Меѓу другото, дискусијата треба да опфати и можности за развој на ниско-буџетни мониторинг станици кои граѓаните би ги употребувале во своите домови со цел да се прошири концептот на т.н. „граѓанска наука“ и да се придонесе кон подигнувањето на свесноста за загаденоста на воздухот. На компаниите ќе биде потребно и да им се посочат можностите за финансирање на ваквиот тип на активности, со осврт на Фондот за иновации, партнерства со граѓански организации и евентуални други можности. Со добиените резултати од спроведената фокус група ќе се овозможи понатамошен дијалог помеѓу бизнис секторот, граѓанските организации, донаторската заедница, институциите и другите чинители на оваа тема.

ЗАДАЧИ

Овој повик е отворен и за физички и за правни лица.

Избраното лице/ компанија/ организација (понатаму: Консултант) треба:

•            Да соработува и да ги следи насоките за спроведување на фокус групата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест

•            Да ги спроведе сите подготвителни активности пред организирање на фокус групата, да ги исконтактира релевантните компании  и други засегнати страни кои имаат активности на темите кои ќе се разгледуваат со цел нивно учество во фокус групата.

•            Да изготви листа на учесници за фокус групата и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групата и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групата, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за фокус групата.

•            Да организира и фасилитира една онлајн фокус група на тема: Можностите за придонес на ИТ секторот во мониторингот на квалитетот на воздухот, со акцент на нискобуџетни решенија наменети за граѓани.

•            Да  изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групата, да се подготват предлог идеи и препораки за делување и унапредување. Исто така може да се произведат прашалници или графикони кои произлегуваат од резултатите или препораките.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност е од ангажирањето на Консултантот до 30 септември 2020 година. Во текот на овој период ќе се потпише договор и ќе се спроведат сите активности.

Вредноста на договорот не може да надмине  61000,00 денари (1000 евра во денарска противвредност) со вклучен ДДВ износ (за правни  лица) или со вклучен данок (за физички лица).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

1.       Краток опис на компанијата и портфолио со претходно искуство (за правни лица) или биографија (за физички лица);

2.       Тековна состојба, не постара од 6 месеци (потребно само за правни лица);

3.       Финансиска понуда согласно Анекс 1 (потребно за сите апликанти).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Консултантот кој аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

За физички лица:

  1. Во изминатите 3 години активно работел/а со граѓански организации и/или други недржавни актери
  2. Учество во најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок  или фокус групи

За правни лица:

  1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
  2. Најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

– Претходно искуство во спроведување на слични активности 80 бодови

– Понудена цена за активноста 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној Консултант која освоила најголем број бодови во сооднос  квалитет на понуда и цена.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 11 септември 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за спроведување на фокус група.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

 Анекс 1

Финансиска понуда

 СтавкаЦена со ДДВ
1Спроведување на сите подготвителни активности пред организирање на фокус групата (вклучително контактирање на релевантните компании  и други засегнати страни кои имаат активности на темите кои ќе се разгледуваат со цел нивно учество во фокус групата, селекција и покана на учесници, прибирање и изготвување на материјали и агенда за фокус групата) 
2Организирање и фасилитирање онлајн фокус група 
3Изготвување  на сумарна анализа на дискусијата во писмена форма и презентирање на резултатите од фокус групата, идеи и предлози за делување и унапредување,  прашалници и графикони итн. 
ВКУПНО 
Повик за фокус група.pdf
Популациите на дивите видови намалени за две третини од 1970 година

Повик за спроведување на фокус група

Во рамки на проектот ,,Заштитени подрачја за луѓето и природата II”, спроведуван од Еко-свест во партнерство со WWF Adria, објавуваме повик за спроведување на фокус група и генерирање на заклучоци од спроведената фокус група.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на оваа активност е фрадење на заеднички патоказ за донесување на правната рамка која ќе придонесе кон заштита и унапредување на природните вредности во земјата. Со добиените резултати од спроведената фокус група ќе се овозможи понатамошен дијалог помеѓу институциите, граѓанските организации и другите чинители на оваа тема.

ЗАДАЧИ

Избраната компанија/ организација треба:

•            Да соработува и да ги следи насоките за спроведување на фокус групата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест

•            Да ги спроведе сите подготвителни активности пред организирање на фокус групата, да направи анкети, да ги исконтактира релевантните институции, организаци, компании  и други засегнати страни кои имаат активности на темите кои ќе се разгледуваат со цел нивно учество во фокус групата.

•            Да изготви листа на учесници  за фокус групата и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групата и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групата, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за фокус групата.

•            Да организира и фасилитира една онлајн фокус група на тема: Креирање на заеднички патоказ за правна рамка за заштита на природата.

•            Да  изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групата, да се подготват предлог идеи и препораки за делување и унапредување. Исто така може да произведат прашалници или графикони кои произлегуваат од резултатите или препораките.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност изнесува најмногу 1 (еден) месеци од датумот на потпишување на договорот.

Вредноста на договорот не може да надмине  55 350,00 денари (900 евра во денарска противвредност) со вклучен ДДВ износ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

1.       Краток опис на компанијата и портфолио со претходно искуство;

2.       Тековна состојба, не постара од 6 месеци;

3.       Финансиска понуда (Анекс 1).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Компанијата/ Организацијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.

2. Најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија го задржува правотоо да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

– Претходно искуство во спроведување на слични активности 80 бодови

– Понудена цена за активноста 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со онаа компанија/организација која освоила најголем број бодови во сооднос  квалитет на понуда и цена.

 

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 9 септември 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за спроведување на фокус група.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

Анекс 1

Финансиска понуда

 

Ставка

Цена со ДДВ

1

Спроведување на подготвителни активности пред организирање на фокус група (вклучително анкети, селекција и покана на учесници, прибирање и изготвување на материјали и агенда за фокус групата)

2

Организирање и фасилитирање онлајн фокус група

3

Изготвување  на сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групата, идеи и предлози за делување и унапредување,  прашалници и графикони итн.

ВКУПНО

 

Регионалниот проект „Заштитени подрачја за природата и луѓето II“  е реализиран од WWF Adria со поддршка од Шведската Агенција за Меѓународна Развојна Соработка (SIDA).