Историска победа за заштитата на природата: Како граѓанската наука стана глобален мандат на IUCN

Историска победа за заштитата на природата: Како граѓанската наука стана глобален мандат на IUCN

Светскиот конгрес за заштита на природата на IUCN (WCC) е местото каде што се поставува глобалната агенда за заштита и се донесуваат обврзувачки одлуки. Денес, со гордост и возбуда споделувам дека Работната група за граѓанска наука (CSTF) не само што поставува агенда, туку суштински ја менува основата на начинот на кој ќе се спроведува науката за заштита низ целата организација IUCN.
Со огромна радост објавувам дека Предлог-резолуцијата 126 на IUCN: „Унапредување на граѓанската наука за поддршка и демократизација на заштитата на природата“ е усвоена со навистина огромна поддршка. Ова е монументален успех за целата заедница на граѓанска наука, а особено за Работната група за граѓанска наука при Комисијата за едукација и комуникација на IUCN, која имав чест да ја основам како член од Еко-свест. Оваа предлог-резолуција сега ќе биде официјално унапредена во Резолуција на IUCN, со која се обврзуваат Генералниот директор и целата организација да ја интегрираат граѓанската наука во својата основна работа, со задолжително годишно известување до следниот Конгрес. Мандатот: Зошто ова движење за граѓанска наука е пресвртница
Во услови на забрзани еколошки кризи, традиционалната наука не може да го следи темпото на потребните податоци за ефективна политика. Граѓанската наука директно го адресира овој јаз, препознавајќи ја како суштинска алатка за создавање инклузивни, скалабилни и правични податоци.


Резолуцијата ги зацврстува трите клучни улоги на науката од народот:

  • Демократизација на науката: Овозможување пристап до собирање податоци за секого, поттикнувајќи глобална еколошка писменост.
  • Промовирање на правичен пристап до податоци: Вреднување и интегрирање на локалното знаење и податоци од заедниците во глобалната политика.
  • Јакнење на отпорноста на заедниците: Овластување на заедниците со податоци и знаење за управување и заштита на нивната локална средина.

Поддршката што ја добивме беше навистина неверојатна.
Ова гласање не е само политичка одлука; тоа е јасна порака од глобалната заедница дека граѓанската наука е иднината на инклузивната и ефективна заштита.

#IUCNcongress #NatureConservation #SustainableDevelopment #Biodiversity #NatureForAll

Одбележан првиот Светски ден за отстранување на препреки од реките

Одбележан првиот Светски ден за отстранување на препреки од реките

Оваа година, Македонија се приклучува кон одбележувањето на првиот Светски ден за отстранување на препреки од реките – иницијатива што ја нагласува неопходноста од враќање на природниот тек и динамика на реките, како и обновување на нивната еколошка функција. Овој ден е потсетник дека реките се живи, динамични системи, чија слобода е клучна за одржување на биолошката разновидност и стабилноста на екосистемите.

Непотребните препреки, насипи и други вештачки структури претставуваат сериозен еколошки проблем. Тие ја попречуваат миграцијата на рибите, го ограничуваат нивниот пристап до клучните живеалишта за мрестење и исхрана, и придонесуваат за намалување на нивните популации. Со тоа се нарушува рамнотежата во акватичните екосистеми и се губи природната поврзаност на реките.

Отстранувањето на нефункционалните препреки овозможува повторно воспоставување на природните миграциски патишта и враќање на хидролошката поврзаност помеѓу различните делови на реката. Така се создаваат услови за закрепнување на популациите и обновување на биолошката продуктивност.

Пречки што го нарушуваат природниот тек често се застарени системи за спречување поплави, нефункционални водоснабдителни конструкции, бетонски каскади и насипи кои одамна ја изгубиле својата намена, но и понатаму имаат негативно влијание врз водните екосистеми.

Враќање на природната динамика на реките – вештачките бариери го прекинуваат транспортот на седименти, предизвикувајќи акумулација во горните делови и ерозија во долниот тек. Со тоа се нарушува природната морфологија на реката и нејзината способност да поддржува разновиден живот.
Со отстранување на нефункционалните каскади и насипи, седиментите повторно можат природно да циркулираат, реките ја враќаат својата динамика, а екосистемите добиваат можност за обновување.


#DamRemovalDay #FreeFlowingRivers

Инвазивни видови

Инвазивни видови

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Доколку го забележите овој плевел на вашите ниви или во околината, испратете ни фотографија и локација во порака! Со вашата помош ќе го мапираме и контролираме неговото ширење. Благодарност до сите што се вклучени во заедничката борба против инвазивните видови! Овие активности се дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, кој го имплементира Еко-свест, со финансиска поддршка од Шведска 🇸🇪. Следете нè за нови теренски активности и приклучете се во заштитата на природата.

Вклучи се. Делувај. Заштити. https://invazivni.mk/

#ЗаедноЗаКлиматскаАкција #Екомисија #Ековита #ИнвазивниВидови #SolanumElaeagnifolium #СребренолисенЗрнец #ЗаштитаНаПриродата #Неготино #Кавадарци #ГраѓанскаАкција #ClimateAction #EcoAwareness #ЕкоСвест

YouTube player
Премиера на документарен филм „Хармонија помеѓу човекот и природата“, посветен на Споменик на природа Вевчански Извори

Премиера на документарен филм „Хармонија помеѓу човекот и природата“, посветен на Споменик на природа Вевчански Извори

Ве покануваме на премиерата на документарниот филм „Хармонија помеѓу човекот и природата“, посветен на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори.

Филмот раскажува инспиративна приказна за соживотот на локалната заедница со природата, низ лични сведоштва, прекрасни пејзажи и научни увиди.

Со учество на: Академик д-р Владо Матевски, Томе Алулоски, д-р Тошо Чочороски, Тихомир Мурџески и Васил Радиноски.

Режија: Сашо Алушевски | Камера и монтажа: Кети Талевска Бакревска

Премиерата ќе се одржи на 4 август (понеделник) – 20:00 часот во Амфитеатарот Вевчани. Проекцијата e дел од Вевчанско Лето 2025.

Ве очекуваме во Вевчани, под ѕвезденото небо и во прегратките на планината Јабланица!

Успешно реализирана Планинската вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ со над 140 учесници

Успешно реализирана Планинската вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ со над 140 учесници

Во неделата, на 6 јули, Вевчани повторно беше центар на авантурата и спортскиот дух, откако успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“. Настанот беше организиран од Еко-свест Вевчани и Рупикапра МТБ Струга.

Турата годинава собра над 140 учесници од различни делови на државата, кои имаа можност да уживаат во 30-километарската рута низ живописните предели на планината Јабланица, со вкупна елевација од околу 1100 метри.

Стартот беше во 09:00 часот од центарот на Вевчани, а патеката ги водеше велосипедистите низ Споменикот на Природа Вевчански Извори, Јанков Камен, манастирот Св. Климент и селото Горна Белица, завршувајќи на атрактивниот видиковец Вевчанска Голина. За најистрајните, турата продолжи со кратко планинарење до глацијалното езеро Вевчанска Локва, кое се наоѓа на над 1960 метри надморска височина.

Организаторите истакнуваат дека целта на овој настан е промоција на природните вредности на Јабланица и поддршка на развојот на одржлив планински туризам во рамки на Споменикот на Природа Вевчански Извори и идното заштитено подрачје Јабланица.

Со својата атмосфера, бројност и организација, вело турата „Вевчанска Голина – Локва“ веќе се етаблира како традиционален летен настан што ги обединува љубителите на природата и спортот.

Организаторите упатуваат голема благодарност до сите учесници, волонтери, поддржувачи и институции кои придонесоа за успешната реализација на настанот.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори“ спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.