Центарот заистражувањеи информирањеза животната средина Еко-свест од Скопје отвoра повик за ангажирање на проектен координатор за спроведување на проектни активности во доменот на енергетиката и заштитата на животната средина.
За Еко-свест
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:
– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;
– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;
– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;
– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;
– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;
– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;
– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;
– Спроведување на посебни активности во областите на:
заштита на климата
заштита на природата
заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
одржлив развој на локалните заедници
одржлив транспорт
одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
одржливо управување со отпадот
иновации во заштитата на животната средина
паметно просторно планирање
поддршка на заедниците и активно граѓанство.
Заинтересираните треба да ги исполнуваат следните посебни услови
Основни познавања за работата на Еко-свест и работата во граѓанска организација или фондација;
Комплетирано високо образование од областа на електротехнички, општествени и природни науки;
Пожелно 3 (три) години работно искуство во оваа проблематика и солидно познавање од раководење на проектен циклус (PCM);
Познавање на енергетскиот сектор во земјата и регионот и/или познавања во секторот на заштита на животната средина, природа, водни ресурси и сл.;
Техничка писменост и капацитет за анализа на технички документи и студии во доменот на енергетиката и заштитата на животната средина;
Способност за застапување на позициите на организацијата пред донесувачите на одлуки;
Способност за теренска работа со засегнати локални заедници;
Одлично познавање на македонски јазик, познавање на англиски јазик е задолжително;
Поседување на извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
Искуство со административно и канцелариско работење;
Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Microsoft office;
Возачка дозвола: Б категорија е пожелна.
Кандидатите/ките треба да ги поседуваат следните општи услови
за изразена комуникација (усна и писмена) и презентација;
за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
за тимска работа во мултикултурно опкружување;
за превземање лидерство и предводење на активностите во тимовите;
за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
за уредност и организираност.
желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од област на животната средина и граѓанскиот активизам.
Работни задачи и одговорности
Кандидатот треба да анализира техничка документација (студии, анализи, извештаи, планови, проекти), закони, стратегии и други документи за потребите на кампањите на организацијата и информациите од овие анализи да ги комуницира со низа засегнати страни- владини тела, локални заедници, граѓански сектор, бизнис сектор и други);
Да остварува и одржува контакт со локални заедници каде работи и делува Еко-свест со цел нивна поддршка во заштитата на животната средина;
Да остварува и одржува контакт со експерти од различни полиња на делување;
Да координира спроведување на проектни активности во соработка со низа засегнати страни;
Да се обраќа во јавноста преку локалните и националните медиуми за потребите на активностите на Еко-свест;
Да спроведува проектни и програмски активности на Еко-свест;
Да раководи со проекти, буџети и придружна администрација;
Да ги почитува политиките на Еко-свести активно да соработува со персоналот на организацијата.
Работни услови
Неделното работно време е 40 часа. Со избраните кандидати ќе биде потпишан договор за вработување на определено време со пробен период од 3 месеци. Месечната нето плата, согласно политиката за плати е во рамки од 40.000 до 55.000 денари. Конкретната плата на избраниот кандидат/ката ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување и зависи од искуството и експертизата на кандидатот.
Еко-свест овозможува низа придобивки за своите вработени и можности за нивно усовршување и надградба. Годишно за вработените се определени 25 дена одмор.
Со овој оглас Еко-свест вработува 2 (две) лица на позицијатата Проектен координатор.
Начин на пријавување и роковник
Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:
Контакт информации за најмаку три лица/организации кои би можеле да дадат професионална препорака.
Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Пријава за проектен координатор/ка.
Пријавувањето е тековно, а огласот е отворен до пополнување на позицијата.
Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат избрани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач и ги почитува различностите.
Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје преку локалната канцеларија Вевчани во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” поддржан од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust) има потреба за ангажирање на двајца консултанти за креирање и подготовка на едукативни содржини од областа на заштитата на природа кои ќе бидат адаптирани за деца од претшколска и школска возраст.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Целта на оваа активност е да се изработат едукативни содржини од областа на заштита на животната средина кои ќе бидат адаптирани за деца од претшколска и школска возраст. Едукативните содржини треба да прикажат интерактивна и иновативна методологија адаптирана на детски возрасти која ќе обезбеди запознавање и информирање за важни прашања од областа на животната средина.
ЗАДАЧИ
Избраните консултанти треба да ги изработат следниве задачи:
Да креира, осмисли и помогне во изготвувањето на едукативна интерактивна игра која ќе биде лоцирана во трајна поставка за природа во МКЦ Крсте Србакоски во координација со проектиот тим на Еко-свест Вевчани;
Да креира, подготви и достави едукативна програма со активности за три возрасти (претшколска, прво до петто одделение и шесто до деветто одделение) на тема заштита на природата. Програмите треба да се состојат од посебни планови за спроведување на едукативните активности за секоја возрасна група со временска рамка, да вклучува едукативни модули, практични вежби, примери, информации, илустрации во координација со проектиот тим на Еко-свест Вевчани.
Ангажираните експерти можат да предложат и други едукативни содржини кои се во согласност со целите на оваа активност во координација со проектниот тим на Еко-свест Вевчани.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Консултантите ќе имаат период на реализација на активноста од 6 (шест) месеци од датумот на потпишување на договорот со можност за негово продолжување до најмногу 9 (девет) месеци доколку поради објективни причини се утврди дека е потребно повеќе време за да се изготват едукативните содржини.
Вредноста на чинење на услугата не смее да надмине износ од 92.250,00 денари по ескперт, односно ангажманот на двајцата експерти не може да надмине 184.500,00 денари во бруто износ.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Пожелно е кандидатите да аплицираат здружено, односно да поднесат заедничка пријава за двата ангажмани. Повикот е отворен за апликации од национални и меѓународни консултанти.
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
Биограгфија (CV) со детален опис за нивното поле на стручност.
Финансиска понуда во МКД или ЕУР (бруто износ со вклучен персонален данок).
Најмалку три референци.
Табела на референтни проекти и опис.
Целокупната документација треба да биде доставена во електронска форма на македонски јазик, односно англиски јазик доколку е меѓународен експерт.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Апликантите треба да ги исполнуваат следниве критериуми (сумарно, не мора индивидуално):
Завршено високо образование (или повисоко) од област соодветна на повикот (педагогија, психологија и сл) или на соодветна тема која е опфатена од програмата.
Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на образованието и искуство со иновативен пристап во образованието,
Најмалку 1 (претходно) изработен едукативен план наменет за школска возраст.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Биографија и претходно искуство 30 бодови.
Време потребно за изработка на едукативните материјали 30 бодови.
Понудена цена за ангажманот 40 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидатите кој освоил најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] или @[email protected] најдоцна до 30 јуни 2023 година, со назнака ,,Апликација за повик на Еко-свест’’.
Во Македонија има доволно камењари и неплодни земјишта без поголема вредност за природата и живиот свет на кои може да се инсталираат соларни панели и ветерници доволни да произведат електрична енергија со која може да се задоволи и двојно поголема потреба за струја од сегашната. Ова е заклучокот од обемното истражување кое тимот од Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ во партнерство со Еко-свест и глобалната организација The Nature Conservancy го презентираше на вториот состанок на Советодавното тело за паметно енергетско планирање на кој присуствуваа и претставници на енергетските компании, релевантните министерства, финансиските институции и умиверзитетите. Истражувачите користејќи податоци од катастарот, детални мапи за екосистемите, мапи за сончевото зрачење и движењето на ветровите изработија мапа која прецизно ги лоцира местата кои се погодни за изградба на фотоволтаични и ветерни централи во целата држава. Притоа, основен критериум во ова мапирање беше да се исклучат сите заштитени подрачја и сите подрачја важни за биодиверзитетот, целото плодно обработливо земјоделско земјиште, локациите на кои се издадени концесии за експлоатација на минерални суровини и локациите на кои веќе се поставени или е одобрено поставување на обновливи извори на енергија. Резултатите укажуваат дека во земјата има доволно површини за нови обновливи извори на енергија без притоа воопшто да има потреба се жртвува ниту плодно земјиште, ниту подрачја кои се важни за природната разновидност или реките. „Целта беше да се докаже дека има доволно простор и подрачја каде може да се инвестира без конфликт со природата и без загрозување на производството на храна“ рече Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест. Александар Дединец од истражувачкиот тим на МАНУ кој ги презентираше наодите, посочи дека проценетото производство на електрична енергија на овие локации може да задоволи и повеќе од двојно поголема побарувачка за енергија од моменталната. Дединец и Чоловиќ- Лешоска сметаат дека мапата на погодни локации за соларни и ветерни централи може да биде голем придонес во процесот на енергетското планирање и државното вложување во инфраструктурата, но и значаен патоказ за инвеститорите.
На 08.05.2023 година во Маврово се одржа свечено потпишување на Договорот помеѓу Еко-свест и ПОНТ за „Заштита на реките преку воспоставување на практики за мониторинг и обновување на речните живеалишта во заштитените подрачја”.
Преку тригодишниот проект ќе се обезбеди поддршка на Националниот парк Маврово и Националниот парк Шар Планина во мониторирање на состојбите на реките, при што ќе се изработи методологија за реставрирање на речните еко системи.
Проектот ќе обезбеди вклучување на локалните заедници и експертската јавност.
Македонското здружение на млади правници, во соработка со Еко-свест подготви анализа која дава сеопфатен преглед на правото од областа на работата на малите хидроцентрали и неговата примена. Во исто време дава преглед и на најважните меѓународни документи од оваа област што Македонија ги има ратификувано и следствено на тоа се дел од домашното право. Имајќи ја предвид стратешката определба на државата за членство во Европската Унија, анализата дава преглед на најважните релевантни директиви на Европската Унија и дава генерална оценка на усогласеноста на македонското со меѓународното право. Ѓорѓи Митрески, проектен координатор за води во Еко-свест и автор на студии на случај во оваа анализа, зборува за влијанијата на малите хидроцентрали врз животната средина.
Дали треба да бидеме загрижени од постоењето на малите хидроцентрали и нивното влијание врз водите и животната средина во Македонија?
Да, ние сме навистина загрижени за влијанието на малите хидроцентрали врз водите и животната средина, како и врз водоснабдувањето на локалните заедници. Во земјата во моментов постојат 98 оперативни мали хисдроцентрали од кои една третина се изградени во заштитени подрачја. За ниту една од постоечките мали хидроцентрали не е изработена студија за оцена на влијанието врз животната средина и не е обезбедено учество на јавноста преку организирање на јавна расправа. Наместо тоа, концесиите за малите хидроцентрали се издаваат зад затворени врати, врз база на елаборат, кој ни оддалеку не дава преглед на потенцијалните штети од изградбата ниту пак мерки за нивна митигација.
Како резултат на ваквите практики, во земјава се среќаваме со празни речни корита и целосно уништување на речните екосистеми и екосистемите зависни од вода, како и со недостаток на водоснабдување на локалните заедници кои живеат во близина на реките на кои се изградени малите хидроцентрали.
Каков преглед нуди анализата на која што работеше?
Анализата дава сеопфатен преглед на правото од областа на работата на малите хидроцентра ли и неговата примена. Во таа насока, анализата дава преглед на македонското законодавство (закони, подзаконски акти и стратешки документи) што го регулира планирањето и воспоставу вањето на малите хидроцентрали, од аспект на минимизирање на нивното влијание врз животната средина и екосистемите. Истовремено се дава преглед на најважните меѓународни документи од оваа област што државата ги има ратификувано и следствено на тоа се дел од домашното право. Имајќи ја предвид стратешка та определба на државата за членство во Европската Унија, анализата дава преглед на најважните релевантни директиви на Европската Унија и дава генерална оценка на усогласеноста на македонското со меѓународното право. Покрај преглед на важечкото право, анализата дава приказ на неговото спроведување.
Кому е наменета оваа анализа и какви препораки нуди?
Аализата дава целосен преглед на недостатоците во законодавниот систем и како таква е првенствено наменета за донесувачите на одлуки, затоа што прецизно ги нотира недостатоците и неопходните подобрувања кои треба да се донесат со цел заштита на реките од малите хидроцентрали. Во анализата се вклучени многу студии на случај кои пластично ги илустрираат недостатоците и последиците кои се резултат на тоа и дава можност за граѓанските организации, општините, локалните заедници и сите останати чинители за полесно идентификување и решавање на проблемите кои ги предизвикува изградбата на малите хидроцентрали.
Што може да заклучиме од сето ова?
Анализата јасно покажува дека е потребно итно усогласување на домашното со европското законодавство. Иако е донесена нова Стратегија за развој на енергетика, итно е потребно да се донесе Програмата за нејзино спроведување на која се уште се чека. Исто така, се уште чекаме на донесувањето на новиот Закон за води кој треба да вклучува повеќе механизми за заштита на реките, како и новиот Закон за природа на кој се чека веќе со години. И на крај, потребна е итна промена на системот на субвенционирање на производството од обновливи извори, во кој малите хидроцентрали се поддржуваат со фиксни тарифи наместо со премии, што во принцип значи нивно фаворизирање пред останатите обновливи избори, заради што економскиот интерес на инвеститорите и понатаму го форсира градењето на нови мали хидроцентрали.
Најнови коментари