by Stojan | May 27, 2021 | Активно граѓанство, Клима, Соопштенија
Почитувани,
Чест ни е да Ве поканиме да учествувате на тркалезна маса “Како да разликуваме одржлив развој од Green washing?”, која ќе се одржи online на 31 мај 2021 г. во 12:00 на платформата ZOOM, на следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/88457295190
Говорници ќе бидат:
1 .Г-н Методија Миноски, ПроКредит Банка
- Г-н Драган Блажев, Тимелпроект
- Г-н Зоран Радоњанин, FEYDOM
- Г-н Здравко Андонов, ЕкоМозаик
Настанот се организира во рамки на проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ кој има зголемување на активностите и влијанието на граѓанските организации од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, зајакнување на нивните капацитети и промовирање на зелена економија.
Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.
Ве молиме Вашето учество да го пријавите на електронската адреса [email protected] најдоцна до 28 мај 2021г. 12:00 часот.
by Stojan | May 18, 2021 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје објавува повик за ангажирање на координатор за поддршка на заедниците.
Повикот е отворен од 18.05.2021 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
• Биографија (CV);
• Три референци;
• Мотивациско писмо и
• Резултати од тест за личноста.
Позицијата е за 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот.
Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 25.05.2021 година.
Пријава за повикот
Сите кандидати треба бараната документација да ја пратат најдоцна до 30.05.2021 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: [email protected].
Повеќе информации за повикот имате на следниот линк:
by Stojan | May 18, 2021 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје објавува повик за ангажирање на Финансиски и административен координатор.
Повикот е отворен од 18.05.2021 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
• Биографија (CV);
• Три референци;
• Мотивациско писмо и
• Резултати од тест за личноста.
Позицијата е за 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот.
Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 25.05.2021 година.
Пријава за повикот
Сите кандидати треба бараната документација да ја пратат најдоцна до 30.05.2021 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: [email protected].
Повеќе информации за повикот имате на следниот линк:
by Stojan | May 5, 2021 | Активно граѓанство, Блог, Клима
COVID-19 пандемијата не само што ја обликуваше моменталната европска политика, туку ќе продолжи да влијае и на политиката во годините што доаѓаат. Исто така, би можела да го загрози остварувањето на целите поставени со Европскиот зелен план. Инструментот за привремено закрепнување во износ од 750 милијарди евра осмислен со задача да помогне во санација на непосредните економски и социјални штети настанати од пандемијата на коронавирусот е наречен NextGenerationEU. Тој би требало да придонесе за пост-COVID-19 Европа да биде поотпорна и поподготвена да одговори на моменталните, но и на идните предизвици спроведувајќи одржливи, зелени решенија.
ЕУ започна план за закрепнување од COVID-19 имајќи во предвид неколку цели. Основната цел е помош на државите членки во санирање на непосредните економски и социјални штети предизвикани од пандемијата на коронавирусот, но и подготовка на подобра иднина за следните европски генерации. Другата цел се гледа во поттикнување на зелена транзиција, дигитална трансформација, паметен, одржлив и инклузивен раст и отворање на работни места, социјална и територијална кохезија, здравје и отпорност, политика за следните генерации, вклучувајќи го образованието и вештините. Во согласност со ова е и третата цел – модернизација на ЕУ објектите. Од овие причини повеќе од 50% од поддршката ќе биде потрошена на модернизација и унапредување на условите за истражување и иновации, преку програмата Horizon Europe, на фер климатска и дигитална транзиција, преку Фондот за праведна транзиција и Дигиталната европска програма, на спремност, закрепнување и отпорност, по пат на програмата Закрепнување и отпорност, RescEU и новата здравствена програма EU4Health. Согласно наведеното, NextGenerationEU се фокусира и на модернизација на традиционалните области како што се заедничката земјоделска политика, борбата против климатските промени, заштита на биодиверзитетот и родова рамноправност.
NextGenerationEU е план со прецизна временска рамка. Предвидено е 70% од неповратните средства коишто ги овозможува Фондот за закрепнување и отпорност (RRF) да бидат доделени во 2021 и 2022 година, додека преостанатите 30% би требало да бидат доделени во 2023 година. Критериум за распределување во 2021-та и 2022-та година е стапката на невработеност, а за 2023-та година е кумулативниот пад на реалниот БДП востановен во периодот 2020–2022.
by Stojan | May 5, 2021 | Активно граѓанство, Блог, Клима
Европскиот инвестициски план (EGDIP), исто така познат како инвестициски план за одржлива Европа (SEIP), претставува финансиска основа за Европскиот зелен план. За да се постигнат целите поставени во Европскиот зелен план, предвидено е да се мобилизираат најмалку 1 милијарда евра одржливи инвестиции во текот на наредната деценија. Околу 500 милијарди евра би требало да бидат обезбедени од буџетот на ЕУ, каде што земјите членки би требало да придонесат со 114 милијарди евра за кофинансирање на европски проекти. Остатокот од средствата би требало да биде повлечен од приватните инвестиции, чиј дел е поддржан со гаранциите на Европската инвестициона банка. Намерата е во потполност да се трансформира улогата на ЕИБ и таа да стане „Климатска банка на Европа”. Најавено е дека од 2021 година банката нема да финансира никакви проекти кои вклучуваат употреба на фосилни горива, и баш напротив, дека најголемиот број ресурси ќе бидат посветени на зелени проекти. На овој начин Комисијата ќе овозможи поддршка за властите и промотерите на ,,зелени” проекти во нивното планирање, дизајнирање и спроведување.
Освен зголемување на средствата за транзиција на европската економија кон зелена и одржлива и мобилизирање на најмалку 1 милијарда евра за поддршка на одржливи инвестиции во текот на наредната деценија низ буџетот на ЕУ и релевантните инструменти, особено InvestEU, една од клучните цели на Инвестицискиот план е да создаде рамка која ќе им овозможи на приватните инвеститори и јавниот сектор да ги олеснат одржливите вложувања. Исто така, на овој начин се планира да се пружи поддршка на јавната управа и промотерите на проекти во идентификување, структурирање и спроведување на одржливи проекти.
Дел од Европскиот инвестициски план е и Механизмот за праведна транзиција (Just Transition Mechanism). Овој механизам претставува клучно средство коешто осигурува дека транзицијата кон климатски неутрална економија ќе се одвива на чесен начин. Иако на сите региони ќе им бидат потребни финансиски средства во согласност со Планот, Механизмот за праведна транзиција овозможува наменска помош од 100 милијарди евра за најранливите региони со што би се ублажиле социјално-економските влијанија од транзицијата. Праведната транзиција ќе создаде неопходни вложувања за помош на работниците и заедниците коишто се потпираат на вредносниот синџир на фосилни горива.
Најнови коментари