by Stojan | Apr 21, 2020 | Активно граѓанство, Соопштенија
Граѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година.
Оваа одлука со која финансиската поддршка, зависно од институцијата, или целосно се укинува или сериозно се намалува, е донесена на нетранспарентен начин, без консултација со граѓанските организации, засегнатите страни и пошироката јавност, што говори за непринципиелниот однос на Владата кон граѓанското општество во ова кризно време. Со одлуката со која се намалуваат приближно 525.000 евра неопходна поддршка, државата де-факто го иззема граѓанското општество како релевантен партнер во справувањето со кризата предизвикана од епидемијата на COVID-19.
Препознавајќи ја итноста на ситуацијата, граѓанските организации уште од самиот почеток на епидемијата многу брзо и ефикасно се мобилизираа, ги ставија на располагање сите свои ресурси и преку низа активности обезбедија директна и хуманитарна помош за најпогодените граѓани. Оваа брза реакција за преземање активности кои се од огромно значење за граѓаните, но и за директно справувањето со кризата, за жал Владата на РСМ не ја препознава како партнерство во борбата со COVID-19. Дотолку повеќе, одлуката за намалување на финансиската поддршка на Владата на РСМ сериозно ја отежнува одржливоста и тековната работа на организациите, особено во однос на нивната помош и поддршка на заедниците во време на криза.
Граѓанските организации се клучен сегмент во едно демократско општество, тие имаат вештини, знаење, услуги и пристап до приоритетните целни групи, коишто најчесто се многу посоодветни од оние на државните институции. Оваа вонредна состојба, сериозно го погоди и граѓанското општество заедно со сите останати сегменти. Намалувањето на финансиската поддршка го лишува секторот од значаен извор на средства неопходни за функционирање во и вон услови на криза, ја загрозува достапноста на поддршката што организациите ја пружаат на граѓаните иво крајна линија ќе доведе до ситуација во која луѓе од секторот ќе останат без основниот извор на приходи.
Граѓанското општество има целосно разбирање за кризната состојба во која се наоѓаме, како и за потребата од солидарност, но во услови кога граѓанските организации работат на санирање на штетите од новонастанатата ситуација, со што помагаат на Владата на РСМ во справувањето со здравствената криза, вакви сериозни намалувања ќе бидат штетни по долгорочната работа на граѓанските организации.
Заради тоа ја повикуваме Владата да ја промени својата одлука и преку дијалог и на транспарентен начин да врати дел од средствата за нивната првична намена – поддршка на граѓанските организации за остварувањето на нивните мисии и цели, но особено за поддршка на активностите за справување со кризата предизвикана од епидемијата.
Официјалната реакција е доставена до Владата на РСМ, a целосниот текст можете да го најдете на следниот линк: https://bit.ly/34Pqbk7
Со почит,
Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар; Блупринт група за реформи во правосудството; Виа вита, Битола; Доверба, Скопје; ЕГАЛ, Скопје; ЕХО – Едукативно-хуманитарна организација, Штип; Заедно посилни; Здружение Гласен Текстилец, Штип; Здружение Глобал, Битола; Здружение за давање услуги на лицата со попреченост ХЕНДИМАК, Тетово; Здружение за дислексија АЈНШТАЈН; Здружение за едукација на земјоделци Зелена берза, Битола; Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ; Здружение за истражување и анализи ЗМАИ; Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР; Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т., Прилеп; Здружение за рурален развој Локална акциона група Агро Лидер, Кривогаштани; Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен работник, Прилеп; Здружение Мултикултура, Тетово; Здружение Национален ромски центар, Куманово; Здружение Ромски деловен информативен центар на Македонија – ЗРДИЦМ; Зона, Кавадарци; Избор, Струмица; Институт за демократија „Социетасцивилис“; Институт за европска политика; Институт за човекови права; ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците; Коалиција „Сите за правично судење“; Коалиција Маргини; Конект; ЛГБТИ Центар за поддршка; Македонска платформа против сиромаштија; Македонски центар за меѓународна соработка; Македонско здружение на млади правници; Медиа Плус, Штип; Младински клуб, Штип; Младински културен центар – Битола; Младински образовен форум; Мрежа за спречување и заштита од дискриминација; Национален младински совет на Македонија; Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство; НВО „КХАМ“, Делчево; НВО Инфоцентар; Независен академски синдикат – НАкС; Опција, Охрид; Платформа на граѓански организации за борба против корупција; Платформа за родова еднаквост; Пулс, Куманово; Реактор – Истражување во акција; Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА, Битола; Рурална коалиција, Куманово; Сојуз на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови, Кривогаштани; Транспаренси Интернешнл – Македонија; Транспарентност Македонија; FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики; Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа; Фондација за интернет и општество Метаморфозис; Фондација за развој на локалната заедница, Штип; Фондација Отворено општество – Македонија; Фондација ЦЕЕД Македонија; Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“; ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација; ХЕЛП, Гостивар; Хелсиншки комитет за човекови права; ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување; ХОПС – Опции за здрав живот Скопје; Центар за граѓански комуникации; Центар за едукација и тренинзи АКТИВ ЛАЈФ, Тетово; Центар за истражување и креирање политики; Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија; Центар за правни истражувања и анализи; Центар на заедницата на општина Струга, Струга
by Stojan | Apr 7, 2020 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба за стручна поддршка во развојот на услугите кои организацијата може да ги понуди, и за таа цел има потреба од нагажирање на Експерт за развој на услуги.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е зголемена одржливост на самата организација преку искористување на можностите и откривање на капацитетите која таа ги има со цел развој на систем за услуги кои организацијата би можело да ги нуди на компании, здруженија или граѓани. Во рамки на оваа активност Еко-свест планира да развие комплет услуги кои би ги нудела на пазарот, а се во насока на намалување на јаглеродниот отпечаток и адаптација на климатките промени.
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Експертот ги има следните задачи:
- Да ги анализира постојните активности и планови на Еко-свест и да даде предлог за нивно преточување во услуги,
- Да направи идентификација на целни групи и цени на предложените услуги,
- Да ги идентификува недостатоците или неопходните активности или измени за овозможување на развој на овие услуги (пример, доколку се предлага сертификација, да се процени што е потребно за истото да се реализира, или доколку за некоја услуга е потребна набавка на одредена опрема или стекнување на одредени знаења и сл ),
- Да изготви документ со направената анализа и предлози и истата да ја достави до Еко-свест.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Експертот за развој на услуги ќе има период на реализација на активноста од 3 (три) месеци од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на чинење на услугата не смее да надмине износ од 30800,00 денари.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Апликантите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Завршено високо образование (или повисоко) од област соодветна на повикот.
2. Најмалку 3 години професионално искуство во областа на бизнис, менаџмент, економија и сл. соодветна област.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Биографија и претходно искуство 80 бодови
- Понудена цена за ангажманот 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидатите кој освоил најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 25 април 2020 г., со назнака ,,Апликација за експерт за услуги’’.
Контакт телефон за прашања 072 726 104.
by Stojan | Apr 1, 2020 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба за ангажирање на педагог и експерт за образование кои би осмислиле и изработиле едукативна програма од областа на заштитата на животната средина.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Целта на оваа активност е ,,Еко-свест’’ да понуди едукативна програма која ќе биде дел од идниот едукативен центар за животна средина. Оваа програма е наменета за децата и младите (од претшколска и школска возраст- основно и средно образование) преку која тие користејќи интересен и иновативен начин ќе се запознаат и информираат за важни прашања од област на животната средина.
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ
Експертот за образование треба:
- Да креира, обмисли и помогне во изготвувањето на план и програма за работа со деца од 5 возрасни генерации (градинка, основно и средно образование) врз основ на информации и податоци обезбедени од страна на Еко-свест на темите климатски промени, заштита на природа и зелена економија.
Педагогот има задача да:
- Заедно со ексепертот за образование да ја адаптира содржината дадена од страна на Еко-свест на потребно ниво за деца од претшколска и школска возраст
Двајцата експерти се очекува редовно да комуницираат меѓу себе и да се консултираат со лицето за контакт назначено од страна на Еко-свест.
Крајниот производ од ангажманот се 5 едукативни програми (за 5 возрасни групи 3-5 г, 6-8 г, 9-11г, 12-14, 15-18 г). Секоја од програмите има три теми: климатски промени, заштита на природата и зелена економија. Секоја од програмите се состои од посебни планови за спроведување на едукативната програма во таа возрасна група и вклучува едукативни модули, практични вежби, технички помагала и сл. Секој план содржи и временска рамка за спроведување.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Експертот за образование и Педагогот ќе имаат период на реализација на активноста од 6 (шест) месеци од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на чинење на услугата не смее да надмине износ од 61500,00 денари по ескперт, односно за ангажманот на двајцата експерти изнесува 123000,00 денари бруто износ.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Пожелно е кандидатите да аплицираат здружено, односно да поднесат заедничка пријава за двата ангажмани. При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биограгфија (CV) со детален опис за нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Апликантите треба да ги исполнуваат следниве критериуми (сумарно, не мора индивидуално):
1. Завршено високо образование (или повисоко) од област соодветна на повикот (педагогија, психологија и сл) или на соодветна тема која е опфатена од програмата.
2. Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на образованието и искуство со иновативен пристап во образованието,
3. Најмалку 1 (претходно) изработен едукативен план наменет за школска возраст.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Биографија и претходно искуство 80 бодови
- Понудена цена за ангажманот 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидатите кој освоил најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 17 април 2020 г., со назнака ,,Апликација за повик на Еко-свест’’.
Контакт телефон за прашања 072 726 104.
by Stojan | Mar 30, 2020 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија и проектот „Проверка на одржливотста на малите хидроелектрани во Македонија“ финансиски поддржан од Финдацијата Патагониа има потреба за ангажирање на експерт коj би спровел:
-
Анализа
и изготвување на извештај
за еколошка проценка на реки
ЦЕЛ
НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста e спроведување анализа и добивање резултати кои ќе послужат за информирање на релевантните институции, Инспекторатот како и сите засегнати страни за влијанието на малите хидроенергетските објекти врз реките во заштитените подрачја. Како понатамошна цел е промени на постоечката регулатива, но и носење нови законски регулативи и построги стандарди за хидроенергетските проекти.
Истражувањето ќе биде направено на 5 реки на кои е веќе изграден хидроенергетски капацитет, на локации кои се наоѓаат во заштитени подрачја.
ЗАДАЧИ
НА ЕКСПЕРТИТЕ
Експертот треба:
-
Да
посети најмалку 5 локации на реки на
кои се изградени мали хидроцентрали
притоа да ги опфати трите сегменти на
реката
(пред зафатот, после зафатот и после
техничката зграда)
-
Да
спроведе анализа според
методологијата која ќе ја предложи.
-
Да
направи
фото и видео документација на локациите
во времето на посетата.
-
Да
направи визуелна проверка на техничките
карактеристики на хидроцентралите,
односно зафатите
според пракса утврдена од страна на
Еко-свест,
-
Да
подготви 5 индивидуални фото-извештаи
преку кои ќе ги презентира главните
наоди од стражувањето
за секоја локација.
-
Да
изготви
сумарен
извештај
за еколошка проценка на реките
кои се предмет на истражувањето.
ВРЕМЕНСКА
РАМКА И
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Експертот ќе има период на реализација на активноста од 5 (пет) месеци од датумот на потпишување на договорот. Трошоците за превоз до локациите ќе бидат покриени од страна на Еко-свест. Вредноста на договорот ќе биде утврдена согласно добиените понуди.
ПОТРЕБНА
ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
- Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
- Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок)
- Предложена методологија за изработка на истражувањето и извештајот.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ
ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Завршено високо образование (или повисоко) од област со релевантност на проблематиката на овој повик..
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа
- Најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област.
ЕВАЛУАЦИЈА
НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
-
Претходно
искуство во спроведувањето на слични
активности 30
бодови
-
Предложена
цена за ангажманот
40
бодови
(пониските износи добиваат повисок
број на бодови)
-
Предложена
методологија- 30 бодови.
Вкупно
100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 15април 2020 г., со назнака Апликација за ангажирање на експерт за реки
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 072726104
by Stojan | Mar 1, 2020 | Повици
Центарот
за истражување и информирање за животната
средина “Еко-свест”
од Скопје,
во рамки на
проектот
„Овозможување
на пат кон декарбонизација и заштита
на животна средина’’
финансиран од Делегација
на Европската Унија има потреба од
ангажирање на компанија која ќе спроведе
Кампања
за подигнување на јавната свест
Целта
на кампањата е подигнување
на свесноста на локалното население во
подрачјата кои се најмногу засегнати
од термоелектраните на јаглен, но и на
сите останати
граѓани за влијанието
на согорувањето на јаглен врз човековото
здравје,
потребата да се премине кон одржлив
развој и праведна транзиција на
економијата како и климатска акција
во регионот.
Кампањата треба да стимулира разислување
во насока на иднина без јаглен во сите
сфери на живеењето во регионите на
Кичево и Битола.
Целната
група се децата и младите (возраст од
3-28 години), а преку нив и нивните родители.
Критериуми за учество на повикот
Копанијата
која аплицира мора да ги исполнуваат
следниве критериуми:
-
Да е
граѓанска
организација регистрирана во Република
Македонија согласно Законот за здруженија
и фондации и/или
Приватна
компанија која е формирана согласно
Законот за трговски друштва
најмлаку 2 години пред датумот на
објавување на повикот.
-
Најмалку
3 (претходно) изработени
кампањи и креативни материјали.
Потребна
документација за аплицирање
При
аплицирањето, кандидатите
треба
да достават:
-
Краток
опис
на
компанијата/ граѓанската организација
-
Портфолио од
претходно
изработени
кампањи, вклучително и изработени
материјали
-
Финансиска
понуда.
Целокупната
документација треба да биде доставена
на македонски јазик во електронска
форма.
Рок
на пријавување
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 18 март 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за кампања Еко-свест.
Целосното упатство и услови може да ги најдете на следниот линк.
Најнови коментари