Прекрасната емотивна сликовница за деца „Каде оди реката?“ беше промовирана минатиот викенд во Скопје. Промоцијата беше проследена од неколку десетици посетители на КСП Центар – Јадро, каде збор зедоа Ѓорѓи Митревски од Еко-свест, и авторките Хана Корнети и Марија Трајаноска.
„Кога Лука копнее да го види светот, скриен зад далечниот хоризонт низ кој тече реката, снешкото Магелан решава храбро да скокне во изворот и да отплови наместо него.
Пловејќи низводно, Магелан ги открива волшебните убавини на природата и нејзините фантастични жители. Но она што почнува како весела авантура, набрзо се претвора во откритие на длабоките лузни што човекот ги оставил со својата негрижа.
„Каде оди реката?“ е лирска екоприказна за пријателството, одговорноста и надежта. Таа нè учи дека секој наш свесен избор е чекор на патот кон зачувување на хармонијата меѓу човекот и природата“, е наведено во сижето на сликовницата.
Ова издание на Чудна шума е во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Скопје. Содржините во изданието се инспирирани од нивната работа во областа на заштитата на реките и се темелат на резултатите од истражувањата за притисоците врз реките и речните екосистеми.
Поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust)











Најнови коментари