29тата конференција за климатски промени под Конвенцијата за климатски промени на ОН (UNFCC) која започна на 11 ноември годинава наместо на 22ри заврши два дена подоцна бидејќи земјите преговараа околу текстот на одлуката од COP29. Ова ќе биде една од ретките конференции за клима без дефинитивни одлуки за многу од клучните теми на дискусија.

Преговорите годинава имаа за цел да обезбедат конечна одлука за следните точки:

  1. Нова цел за обезбедување повеќе финансии за климатска акција која ќе одговара на потребите на земјите во развој

Терминологија која се користи на преговорите NCQG (New collective quantified goal on climate finance)

Овие финансиски средства треба да бидат собрани од развиените земји и наменети за финансирање на мерки за ублажување (ОИЕ и нови иновативни технологии) и прилагодување кон климатските промени (активности за создавање отпорност кон климатските промени) на земјите во развој во форма на неповратни грантови.

Развиените земји се согласија да даваат 300 милијарди американски долари годишно во Фондот за адаптација со нова цел да се стигне до 1.3 трилиони американски долари до 2035.

  1. Зголемување на амбициите во новите Национални придонеси кон климатски промени кои треба да се поднесат во 2025

Терминологија која се користи во преговорите Global Stocktake, new NDCs,

Новите Национални придонеси кон климатски промени мора да вклучат јасни временски рокови за постигнување на ветените цели, особено за тоа како постепено да се укине потрошувачката и производството на фосилни горива.

Оваа фаза бара повисоки цели за намалување на емисиите и клучни резултати од минатите COP, како што се обврските за постепено укинување на фосилните горива и зголемување на капацитетите на обновлива енергија за три пати до 2030 година. Сепак дискусијата на COP29 околу зголемување на амбицијата во националните придонеси беше нејасна и речиси непостоечка и покрај силните заложби од научните организации како СМО и СЗО.

Светската здравствена организација (СЗО) побара од делегатите на COP29 да го интегрирање на здравјето во преговорите. Специјалниот извештај на СЗО за COP29 „Здравјето како аргумент за климатска акција“, ја нагласува важноста на управувачката структура која го интегрира здравјето во креирањето на климатските политики – и климата во креирањето здравствени политики – кои се од суштинско значење за напредок.

Светската метеоролошка организација (СМО) на COP29 го објави извештајот за состојбата со климата во 2024 според кој годинава била најтоплата досега по долгата низа на исклучително високи месечни средни глобални температури. Низ светот имало повеќе екстремни временски и климатски настани кои предизвикале загуба на човечки животи и значителни материјални штети.

  1. Забрзување на напорите за прилагодување и обезбедување доволно финансии

Global Goal on Adaptation (GGA)

Глобалната цел за адаптација, како што е утврдена со Парискиот договор, има три правци: зајакнување на капацитетот за прилагодување, зајакнување на отпорноста и намалување на ранливоста на климатските промени. Целта е да придонесе за одржлив развој и да обезбеди соодветен одговор на адаптација во контекст на договорената температурната цел – ограничување на зголемувањето на глобалната температура на многу под 2 Целзиусови степени, а истовремено продолжување на напорите за ограничување на зголемувањето на 1,5 степени.

Покрај потврдување на веќе договорената глобална цел за адаптација, земјите избегнуваа да дискутираат за конкретни и мерки и чекори кои треба да се направат за да се забрзаат напорите за адаптација, а со тоа и целосна одговорност кон неразвиените земји кои ги трпат најголемите загуби и штети. Единствен напредок беше иницирањето на Патоказот за адаптација од Баку околу кој ќе се дискутира на COP30 во Белем, Бразил и кој би требало да ги движи напред активностите за адаптација.

  1. Напуштање на фосилните горива

Терминологија која се користи на преговорите
Mitigation Work Programme (MWP)
United Arab Emirates just transition work programme (JTWP)

Во последниот дел од преговорите делегатите сеуште преговараа околу спомнувањето на целта од задржување на глобалното затоплување под 1.5°C – на кое упатуваат сите извештаи на меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC). Наместо тоа присигнуваа барања од делегатите дискусијата да се задржи на задржување на глобалното затоплување под 2°C.

Земјите се согласија околу правилата за глобален пазар на јаглерод поддржан од ОН. Овој пазар ќе го олесни тргувањето со јаглеродни кредити, поттикнувајќи ги земјите да ги намалат емисиите и да инвестираат во проекти поволни за климата. COP29 појасни како земјите ќе одобрат трансакции со јаглеродни кредити и ќе управуваат со регистрите за следење. Дополнително, воспостави механизми за обезбедување на еколошки интегритет преку однапред технички прегледи во транспарентен процес.

Според централизираниот механизам за кредитирање на јаглерод, Механизмот за кредитирање од Париз сега вклучува задолжителни заштитни мерки за заштита на животната средина и човековите права. Овие заштитни мерки гарантираат дека проектите не можат да продолжат без информирана согласност од домородните народи. Дискусија за напуштање на фосилните горива немаше, а изостана и спомнување на напуштање на фосилните горива во конечниот текст на одлуката.

И покрај тоа, граѓанските организации изразија загриженост дека токму тргувањето со емисии на јаглерод без заложби за постепено напуштање на фосилните горива само дополнително ги загрозува локалните заедници и преговорите за клима. Прочитајте ја оваа кратка анализа на Карбон Бриф да дознаете зошто договорот постигнат за пазарите на јаглерод од член 6 на COP29 во Баку ризикува да ги олесни каубојските пазари на јаглерод во време кога на светот му треба шериф.

Сите нацрт одлуки од COP29 може да ги погледнете тука.

Share This

Share this post with your friends!