Годинава, Меѓународниот ден на шумите го одбележавме таму каде што започнува секој голем сон – кај најмладите.

Нашите заедници во Вевчани и Струга станаа побогати за нови костенови садници кои ги засадивме во дворовите на:
📍 ЈОУДГ “Планински Цвет” – Вевчани
📍 ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга (градинката Пеперутка)

Оваа акција немаше да биде иста без неверојатната енергија на учениците од:
СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга
ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани

Средношколците и основците беа вистински ментори! Тие не само што ги засукаа ракавите, туку низ игра и разговор им покажаа на помалите другарчиња од градинките како правилно се сади дрво и како истото се негува.

Овогодинешната светска порака за денот на шумите се фокусира на иновациите за подобар свет. Ние веруваме дека најголемата иновација е токму едукацијата. Кога учиме едно дете дека дрвото е „белите дробови“ на неговиот град, ние инсталираме софтвер на емпатија и грижа кој ќе трае цел живот. 💻🌱

Костените што ги засадивме ќе растат заедно со дечињата во „Планински Цвет“ и „Пеперутка“, нудејќи им лекции за природата во живо, секој ден.

Да ги чуваме нашите шуми, за тие да нè чуваат нас!

Погледнете ја галеријата на следниот линк.

Share This

Share this post with your friends!